Кафе муабет

Ќерката на Драгана Мирковиќ го прослави 20-тиот роденден: Мануела е иста мама, еве што носеше за овој посебен ден- тој прв и честиташе!

Повеќе не се крие од јавноста...

Децата на пејачката Драгана Мирковиќ и Тони Бијелиќ секогаш се криеле од очите на јавноста, а пејачката со години успешно ја крие приватноста на своето семејство.

Фото Инстаграм/Драгана Мирковиќ

Меѓутоа, ќерката на Драгана, Манеула неодамна го отклучи својот Инстаграм профил и оттогаш привлекува големо внимание.

Фото Инстаграм/Драгана Мирковиќ

Мануела пред неколку дена го прослави својот 20-ти роденден, а во приказната сподели неколку фотографии од прославата.

фото инстаграм/Мануела Бјелиќ

Имено, Мануела за оваа пригода облекла едноставен розов, светкав фустан и бели патики, додека тортата била украсена со разни детали. На дното имаше кристали, цвеќиња имаше низ целата торта, а на врвот е сина птица.

фото инстаграм/Мануела Бјелиќ

Роденденот на Мануела прв и го честиташе нејзиниот брат Марко, кој објави заедничка слика и остави емотикон срце.

фото инстаграм/Марко Бјелиќ

И Марко предизвика големо внимание во јавноста а Драгана еднаш откри дека работел како сметководител кај пријател.

фото инстаграм/Мануела Бјелиќ

-Мануела е поинаква, повлечена е, таа е мое бебе.Моите пријатели велат дека е девојка со најубави очи и најчиста душа.Тие се нормални деца што е најубав комплимент денес. Не се разгалени, тие не патат за брендови, јас дури еднаш ја замолив ќерка ми да облече еден од моите фустани затоа што е малку поексклузивен и брендиран, а таа не сакаше да слушне, срам и е другарките да ја видат во него.Таква е таа“, изјави Драгана за Стори.

фото инстаграм/Мануела Бјелиќ

„Кај нас доаѓа друштво од различно потекло, а пред се пријателите ни се претежно луѓе со некоја просечна плата. Нашите деца се свесни за парите и веќе имаа можност да заработат. Марко на пример се занимаваше со сметководство. Мануела работеше на рецепција три месеци, доволно за нејзината возраст да стекне искуство и работни навики. Тоа беше нивна желба да работат, ние не ги принудивме на тоа“, вели Драгана Мирковиќ.

фото инстаграм/Мануела Бјелиќ

Пред извесно време излезе веста дека Марко кој навистина изгледа како холивудски актер, и задава уште една мака на Драгана бидејќи сите млади пејачки сакаат да го заведат нејзиниот син!

фото инстаграм/Марко Бјелиќ

Како што објавија српските медиуми тој е опасен фраер во Виена и многу девојки лудуваат по него, но Марко сепак сака да ужива во тинејџерскиот живот!

фото инстаграм/Марко Бјелиќ

Неодамна тој наполни 21 година, се запиша на Економски факултет, а хоби му е возење брзи автомобили.

фото инстаграм/Марко Бјелиќ

Речиси сите млади пејачки останаа без текст кога видоа каков фраер е синот на Гага, па сега се тркаат која ќе успее да го освои и да и биде снаа на познатата пејачка!

фото инстаграм/Марко Бјелиќ

Иако Марко засега бега од сцената Драгана неодамна била во Белград, па пејачките ја задевале и прашувале за нејзиниот син, некои дури ја молеле да ги запознае со него, а таа само се насмевнала и рекла дека не сака да се меша.

фото инстаграм/Марко Бјелиќ

За разлика од другите деца на познатите личности со кои често објавуваат слики на социјалните мрежи, кај Драгана Мирковиќ тоа не е случај.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close