Кафе муабет

Јована Јоксимовиќ објави прва фотографија од близначките- еве како изгледаат!

Парот ги крие децата од очите на јавноста...

Жељко и Јована Јоксимовиќ важат за еден од најхармоничните парови на естрадата.

фото инстаграм/Јована Јоксимовиќ

Имено тие се речиси 10 години во брак, и добија три деца и со тоа ја комплетираа својата среќа. Откако водителката го роди синот Коста, парот дозна дека чекаат близнаци, а не ја криеја среќата.

Фото Стори.рс

Јована пред четири години ги роди ќерките Срна и Ана, но парот заедно реши да не ги изложува своите деца на љубопитните очи на јавноста. На нивните профили на социјалните мрежи можат да се видат само неколку фотографии, но нема сомнеж дека девојките растат опкружени со љубов и внимание.

Фото Инстаграм/Жељко Јоксимовиќ

Јована и Жељко во една прилика објавија слика од близнаците уште додека беа бебиња, а на фотографијата се гледа и нивниот постар син Коста. Секако, сликата предизвика лавина од емотивни коментари и честитки, бидејќи мама ја објави нивната прва фотографија на нивниот прв роденден.

ФотоИнстаграм/ Јована Јоксимовиќ

Сега на социјалните мрежи се појави фотографија од нивниот втор роденден на која фановите на Јована и Жељко им честитаа на принцезите кои навистина беа така облечени како вистински мали принцези од бајките!

Фото Инстаграм/Јована Јоксимовиќ
Фото Инстаграм/Јована Јоксимовиќ

За потсетување, Жељко од првиот брак со Весна ја има и ќерката Мина која живее заедно со него и Јована.

Фото Инстаграм/Јована Јоксимовиќ

Во јавноста постојано се шпекулираше за односот помеѓу Мина Јоксимовиќ и сопругата на Жељко, Јована, а водителката сега реши еднаш засекогаш да стави крај на претпоставките и шпекулациите.

Фото: Инстаграм/ Мина Јоксимовиќ
Фото: Инстаграм/ Мина Јоксимовиќ

Таа гостувајќи во емисијата „Од профил“ искрено проговори за својата врска со Мина која сега живее со нив.

Фото: Инстаграм/ Мина Јоксимовиќ
Фото: Инстаграм/ Мина Јоксимовиќ

– Не можам да и бидам другарка на Мина, не можам да бидам ниту нејзина мајка. Можам да бидам нејзин пријател и некој кој, што и да и треба во животот, секогаш ќе биде тука за неа. Луѓето страшно ги мешаат улогите. Мислам дека Мина има прекрасни родители – прекрасна мајка и прекрасен татко. Мина е член на нашето семејство. Таа е тука со нас. Исто како што ја има таа топлина во куќата на нејзината мајка, ја има и во нашиот дом. Знам дека луѓето бараат сензација, но таа не е тука – рече Јована во споменатата емисија.

Фото: Инстаграм/ Мина Јоксимовиќ
Фото: Инстаграм/ Мина Јоксимовиќ

Инаку Жељко и Весна се венчаа кога тој имаше 23 години, а пејачот побара од Српската православна црква да го поништи бракот пред околу 10-тина години, за да може да и вети вечна љубов на Јована пред Бога.

Фото: Инстаграм/ Мина Јоксимовиќ
Фото Инстаграм/Мина Јоксимовиќ

Мина од својот татко го наследи талентот за музика, а судејќи според фотографиите што ги објавува на социјалните мрежи, таа ја наследи убавината од нејзината мајка.

Фото: Инстаграм/ Мина Јоксимовиќ
фото инстаграм/ Мина Јоксимовиќ
Фото Инстаграм /Весна Јоксимовиќ
фото инстаграм/Весна Јоксимовиќ

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close