Кафе муабет

“Штедам, живеам скромно, не трошам пари на глупости и кризата не ме погоди многу”- пејачката троши многу помалку од 3000 евра месечно!

Александра открива дека живее скромно...

Александра Младеновиќ важи за една од најатрактивните пејачки, а како и сите останати, така и за неа овој период кога нема настапи и е малку потешко.

Пејачката за Kurir Stars, истакна дека финансиската криза ја погодила, но за среќа таа имала заштедено пари.

– Јас сум штедач и не трошам пари на непотребни работи. Заштедив и засега сè е во ред по тоа прашање, фала му на Бога – рече пејачката и додаде:

– Како што сите знаеме, ништо не се случува кога станува збор за работата. Ќе бидам дома малку, ќе прошетам малку и тоа е тоа.

Мирослав Илиќ неодамна изјави дека му требаат 3.000 евра месечно за да преживее, а Младеновиќ вели дека сумата што ја троши на месечно ниво е далеку помала од тоа.

– Многу помалку. Што ми треба? Јас готвам и сум со мајка ми. Човекот веројатно има голема куќа, па му требаат толку многу пари за да ги плати сметките. Три илјади евра месечно? Тоа се многу пари за волку тешко време – рече пејачката.

 

Таа неодамна купи нов стан, но токму поради заштедите, сè уште не го опремува.

– Сè уште немам договорено ништо околу станот. Ќе дојде неговиот ред. Корона е и не би трошела пари за тој стан сега – рече Александра, додавајќи дека добила покани за учество во реални шоуа, но дека не планира да се испроба во вакво нешто.

Александра Младеновиќ на неколку наврати изјави дека ситуацијата со коронавирусот и бројот на заболени и по инати многу ја погодила и ја вознемирува до солзи.

– Последните денови ме потресе и ме расплака целата оваа ситуација со ковид 19 што навистина зема голем замав. Најважно е сите да бидеме добро. Јас никаде не одам, уживам во својот стан и глдам да излегувам исклучително коа морам, раскажала Александра и додала дека за Нова година доколку нема да работи ќе биде со семејството.

Доби непристojна понуда!

Пред неколку дена пејачката настапувала во еден клуб во нови Сад, откако и пришол непознат маж, рекол дека е заљубен во неа и дека сака да биде со неа.

 

Средбата се случила по завршувањето на настапот, кога пејачката се симнала од бината и тргнала да го напушти клубот.

– Александра била благодарна на гостите, се симна од бината и во тој момент ја пресретнал непознат маж.

И рекол дека живее и работи во Германија и дека е родум од Србија и дека е луд по неа. Објаснил дека е заљубен во неа од кога се појавила на естрадата и рекол дека со неа сакал нешто повеќе.Таа почнала да се смее и рекла дека тоа е невозможно, потоа и понудил 100.000 евра во стил дека сака да и го финансира нејзиниот нов албум, рекол неименуван извор близок до пејачката и додал дека музичарите од бендот и пријделе на пејачката со цел да ја тргнат од тој непознат маж.

– Убедувањето со тој маж траело 15 минути, а потоа се вмешаа музичарите со кои Александра работи. Му рекоа на тој човек дека мора да одат за Белград и дека таа мора да оди со нив.

Беше во врска со синот на Шабан Шаулиќ

 

Александра беше во врска со Михајло Шаулиќ, синот на познатиот фолкер која им траела само неколку месеци и прекинале секаков контакт.

– Времето им покажа дека размислувањата и ставовите им се разликуваат, и по неколку месеци одличија да стават крај на врската. Сметаа дека најдобро за двајцата е да останат некое време сами, па да видат дали одлачувањето ќе ги зближи и повторно да бидат заедно или сепак ќе прекинат секаков контакт, вели близок пријател на парот за медиумите.

Александра е многу активна на социјалната мрежа Инстаграм и секојдневно споделува неодоливи фотографии со своите фанови.

Во продолжение уште неколку фотки од атрактивната пејачка…

 

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close