Кафе муабет
Хулахопките и донесоа одлична заработка: Американците и нудат на Брена вртоглава сума пари- сакаат да влезат во бизнис со неа!
Одлично и оди...
Лепа Брена има причина да биде презадоволна од бизнисот кој го започна пред неколку месеци.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/12/brena-5.png)
Нејзините хулахопки го освојуваат светот, па сега пејачката преговора за почеток на дистрибуцијата во странство, дознава Курир.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/12/brena-4.png)
Според извор близок на пејачката, Брена добила понуда од американска компанија, која исто така произведува и продава хулахопки, да го дистрибуира својот бренд во САД. Се разбира, тие нудат огромни пари за тоа. Наводно, за првиот договор кој би важел една сезона (есен и зима) се подготвени да платат половина милион долари.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2020/11/brenaa.png)
– Брена работи со полна пареа. Нејзе и се допаѓа бизнисот со хулахопки, а понуди пристигнуваат од сите страни. Таа привлече одлични партнери. Сега и се отвора патот до американскиот пазар, каде што, инаку, со години има куќа. Пејачката никогаш не била толку продуктивна како сега, а овој деловен проект само дополнително ја мотивираше. Вклучено е целото семејство, а во преговорите со други фирми ќе и помага сопругот Боба Живојиновиќ – вели изворот.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/04/1005x635_Vbq.jpg)
Според него, особено ја воодушевила сумата што ја добила за нејзиниот бренд, која е само на почеток:
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/06/Lepa-Brena-1.jpeg)
– Сите знаеме дека е штедлива и се грижи за секој динар. Сумата што ја добила како понуда за соработка е феноменална и повеќе од очекувана. Мислам дека нема да се двоумат и дека наскоро ќе биде потпишан договор за соработка и дистрибуција. Таа има големи планови, сака да изгради фабрика, но повеќе за тоа подоцна. Сега Брена се концентрира на нашиот и на американскиот пазар и верувам дека ќе заврши на обострано задоволство – вели блиска пријателка на Брена која добро ги познава семејните и деловните односи.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/02/289181_viktor-brena-stefan-zivojinovic_ff-960x627-1.jpg)
Интересно е и тоа што светски познатата пејачка Карди Б како дел од својата приказна на Инстаграм сподели фотографија на која пејачката позира со чорапи:
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/12/brena-1.png)
-Јас сум Карди Б, а оваа дама е Лејди Б, има одлични чорапи, а само да и ги видите нозете – вели пејачката во видеото.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/07/brenaaaaa.png)
Да потсетиме, пејачката пред една недела го прослави нејзиниот 62-ри роденден.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/10/брена.png)
Таа истакна дека не ги сака своите родендени бидејќи е свесна за минувањето на времето.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/04/lepa_brena_5_830x0_z9g.jpg)
-Ако некој е реален и свесен за поминувањето на времето, како мене, ќе ужива во се. Имам причина да уживам, бидејќи сум свесна за се што сум постигнала и имам прекрасно семејство. Сè уште размислувам реално и рационално за животот и уживам во постигнувањата и целите што си ги поставив.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/07/brena-1.png)
Среќна сум кога моите деца ги реализираат своите цели и кога сè оди по својот нормален тек. Среќна сум кога Боба и јас имаме свои планови. Работам, а потоа има и причина да се радувам на годишниот одмор. Инаку, јас не сум љубител на сопствените родендени, повеќе сакам туѓи и детски родендени. Единственото место каде што сакам да бидам во центарот на вниманието се моите концерти, се друго ми е премногу. Затоа сакам моите прослави да бидат што е можно помирни, без помпа и лудило. Не ми треба повеќе. Затоа овој роденден го славам со Боба со убав ручек и фантастично вино. Добро ми стојат годините, среќна сум – изјави Брена за Story.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2020/12/brena14-1-1024x730.jpg)