Кафе муабет

ХОРОСКОП И ЉУБОВ: Заведете ја и натерајте ја да се заљуби во вас- еве како да ја задржите неодлучната Вага!

Кога знаат што сакаат Вагите не може ништо да ги спречи!

Се прашувате какви се вагите во љубовните врски според хороскопот? Без грижа, тие се многу едноставни но кога се сигурни во својата одлука.

Меѓутоа, кога тие не знаат што сакаат, а тоа е често,  тогаш тие можат се да  искомплицираат, и така да ги потврдат сомнежите на оние кои  имале искуства со нив.

Општо познато е дека Вагите се мајстори во флертувањето.

Вагите знаат како да заведат, тие ќе ве шармираат за секунда и ќе направат многу лесно да се заљубите  во нив. Тие уживаат во процесот на додворување и додека се во врска. Кога сакаат да придобијат некого, ќе дадат се од себе за да го направат тоа.

Како најголем недостаток на вагите најчесто се вбројува нивната неодлучност

Но иако се познати по тоа дека незнаат што сакаат, верувајте има ситуации кога Вагата едноставно знае што сака и тогаш ништо нема да ја спречи да го најде патот до срцето на саканата личност.

Често пати се воздржуваат од за заљубување и не го отвораат срцето лесно.

Вагите сакаат партнер со кој ќе се надополнуваат, кој ќе има разбирање и трпение. Партнерот на вагата мора да и даде простор да одлучи што таа сака, за да го даде најдоброто од себе.

Иако Вагите сакаат романса, тие вообичаено не влегуваат веднаш во љубовна врска и не се предаваат лесно. Прво анализираат, ги собираат добрите и лошите страни, размислуваат долгорочно и гледаат на иднината за да видат дали воопшто ја гледаат таа личност.

Тие се многу страствени во секој поглед, обожаваат и физичка и ментална стимулација. За нив едното не постои без другото.

Вагата најдобро одговара со лав.

Огнените лавови сакаат шарм и страст исполнети со елоквентност, а тоа е токму она што можат да го добијат од Вагата.

foto moj portal

Нивната привлечност и поврзаност е моментална. Вагите не сакаат да ризикуваат, но кога станува збор за лав тие се спремни за ризик и да љубот како никогаш порано.

Вагата би можела добро да се сложува и со Водолијата која е независна и сака авантури.

Доколку сакате да заведете Вага внимавајте на неколку клучни моменти.

Вагите ги привлекуваат луѓе кои нема веднаш да паднат на нив. Тие ја сакаат освојувачката игра и сакаат „плен“ што ќе им се спротивставува долго време. Вагата треба да ја импресионирате со вашата независност. Понудете смеа, забава, покажете смисла за хумор и Вагата е ваша.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close