Бебе

ФОТО: Не се грижи јас го чувам бебето!Оваа МАМА виде сериозно обезбедување пред нејзиното мало бебе

Верен чувар Хаски

Верен чувар  Хаски.

Една мајка го фати својот миленик Ник, од расата Хаски, како седи и се грижи за нејзината ќерка Миа.

Додека бебето спиеше, Ник седеше тивко и се грижеше за миленичката. Тој дури и го „украде“ местото на нејзината мајка и не и дозволи да седне.

Ако сте еден од оние кои не можат да се воздржат oд зборување со миленичето, можете слободно да здивнете. Научниците велат дека тоа не е лошо.

Иако многу луѓе кои разговараат со нивните миленици ги нарекуваат смешни, чудни, детски, па дури и луди, науката тврди поинаку.

Луѓето кои разговараат  своите миленици се всушност поинтелигентни и покреативни од оние кои не го практикуваат тоа. Николас Епли, еден од научниците кои се занимава со оваа тема, вели дека разговорот со домашните миленици е нормална човечка потреба.

Се навраќаме во детството.Децата редовно разговараат со своите играчки и ги третираат како личност со која живеат и растат.

Но, кога ќе пристигнат во одредена возраст, децата ќе престанат со такво однесување и ќе станат непримерно. Затоа многу луѓе ќе речат дека не е нормално да разговараат со милениците затоа што не можат да нѐ разберат.

Другите не би се согласиле со нив, бидејќи сметаат дека нашите миленици навистина нѐ разбираат.

Но, кога станува збор за разговор со домашни миленици, немате причина да се грижите. Тоа е апсолутно нормално и природно нешто што покажува дека вашиот мозок функционира на добар начин.

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close