Бебе

ПО ТРИ ГОДИНИ БОРБА СО НЕПЛОДНОСТ, СТАНАЛЕ РОДИТЕЛИ И ТОА ДВА ПАТИ ЗА СЕДУМ НЕДЕЛИ!

Келси и Кајл се доказ дека се случуваат чуда

Оваа позитивна исповед која доаѓа од Келси Пирс и нејзиниот сопруг Кајл навистина ќе ве остави без здив. Имено тие три години се бореле да добијат дете, но на крај докторите им кажале дека Келси никогаш нема да може да остане бремена.

 

По долги години поминати во агонија, тага, обидување, сепак се случи вистинско чудо.

Но најпрво мора да посочиме дека по се изгледа старата изрека за неплодност која вели дека веројатно магично ќе забремените кога ќе престанете да се обидувате и да очекувате е вистинита.

Точно е дека ваквите изјави се прилично фрустрирачки и не важат за многу парови но на Келси Пирс и нејзиниот сопруг Кајл им се случи токму тоа.

Верувале или не тие станаа родители двапати за само седум недели.

Фото People.com

Имено, овој пар помина три години обидувајќи се да донбие дете, а откако потроши илјадници долари и ги истроши сите можни опции, вклучително и безброј ин витро оплодувања, на Келси и беше кажано дека никогаш нема да може да има дете самостојно. Но, парот успеа да создаде пет совршени ембриони, па решија да дадат шанса на сурогат мајчинство.

„Мајка ми во последните неколку години постојано зборуваше дека ќе стори сé за да ни помогне да имаме бебе, дури знаеше и да се пошегува дека таа ќе го носи за нас“, напиша Келси на својата Фејсбук страница во април, додавајќи:

„Ние секогаш се смеевме мислејќи дека е невозможно и не сакавме таа да помине низ сето тоа “.

Но, како што вели, на крајот излезе дека ја има „најнесебичната мајка на светот“.

„Знаеме дека ова е многу невообичаено патување, но е наше и се чувствуваме толку благословени што конечно станавме родители“, истакнаа тогаш двојката.

Но, тогаш се случи невозможното.

Набргу по објавувањето на првата бременост, пристигна и втората.

„Никогаш не помислив дека ќе можам да ги кажам овие зборови, но … бремена сум! Келси напиша покрај фотографијата на која се гледаат две слики од ултразвук.

Фото: Goodmorningamerica

“Бесно го повикав мојот доктор кој ми кажа дека никогаш нема д аможам да имам свое дете и тој беше крајно шокиран. Тој рече дека ова е вистинско чудо. Бог навистина работи на мистериозни начини! Веќе бевме толку возбудени што станавме родители во октомври, но дел од мене беше тајно сè уште тажен што не можев сама да ја доживеам бременоста “, раскажува таа.

Двете бремености поминаа без компликации, а девојките Еверли и Ава пристигнаа во светот со разлика од  само седум недели, пренесува Kidspot.

Слична ваква приказна имаа и Бриана и нејзиниот сопруг Арон Локвуд кој станаа хит во светот откако ја обелоденија веста дека мајката на Бриана го носи нивното дете.

Токму и Џули Лавинг покажа дека мајката ќе направи се за своето чедо, па на 51 година го роди сопственото внуче.

Имено таа  го прифати предлогот да биде сурогат мајка на сопствената ќерка Бриана Локвуд која не можела да остане бремена речиси четири години.

Фото: Инстаграм/ ивф.сурогаци.дајри

Иако има 29 години, Бриана веќе со години заедно со сојот сопруг Арон Локвуд (28) се обидуваат да имаат дете. Тие се свршија во 2016 година, а заедно се уште од средно училиште, но по цела година обидување таа да остане бремена по природен пат, обидот бил безуспешен.

Фото: Инстаграм/ ивф.сурогаци.дајри

Парот по неуспешниот обид остварил средба со докторот Брајан Каплан на Клиниката за плодност во Илиноис каде започнале процес за ин-витро оплодување, но по голем број обиди и два спонтани абopтycи тие полека почнаа да ја губат надежта дека ќе станат родители.

Фото: Инстаграм/ ивф.сурогаци.дајри

Сплетот на околностите довел до тоа Бриана и нејзиниот сопруг да дојдат на идеја за сурогат мајчинство.

Кога нејзиниот дедо се разболел, тие решиле да побрзаат со намерата да станат родители, бидејќи тој сакал да го запознае својот внук пред да замине од овој свет.

Фото: Инстаграм/ ивф.сурогаци.дајри

Мајката на Бриана, 51 годишната Џули Лавинг понудила на својата ќерка таа да го роди сопственото внуче, која на почетокот рекла дека тоа е лудо и незамисливо, но потоа прифатила.

„Како мајка би направиле се’ за да му помогнете на своето дете. Кога ќе видите дека навистина ја боли и дека тагува, а знаете дека можете да помогнете, тоа и ќе го направите“, раскажа Џули за медиумите.

Инаку среќната вест за раѓањето на малиот ангел, на кој му го дадоа името Бријар Џулиет Локвуд, Бриана Локвуд ја објави на Инстаграм.

“Мајка ми многу добро го издржа тешкото породување. Жртвата која таа ја даде за да го донесе ова мало парче рај на светот ме остави без зборови. Прекрасно е да ја држам ќерка ми во раце. Чувствувам дека ќе направам сè за ова бебе, исто како што направи мајка ми за мене“, напиша, во својата трогателна објава Бриана Локвуд.

“Начинот на кој мајка ми ме сака и нејзината несебичност се чисти и искрени додаде 28-годишната девојка која претрпела разни операции и медицински помагала за оплодување.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Интересно

Close
Close
Close