Кафе муабет

Мирни и харизматични: Ако сте родени во октомври, сигурно ќе се препознаете во овие реченици

Еве кои особини се заеднички за личностите родени во овој месец.

Личностите родени во октомври во хороскоп се Вага или Скорпија, а еве кои особини им се заеднички. Споделете ги со личноста која ја познавате и која е родена во октомври, па чекајте ги реакциите!

Мирни и харизматични

Октомвриските бебиња лесно ќе го придобијат секој, без разлика дали е во прашање пријателство или некоја мала манипулација. Едноставно се шармантни и харизматични, така што сите им „јадат од рака“. Сакаат мир и хармонија и не се караат често.

Ги мотивира правдата, ретко го покачуваат својот глас и може да најдат заедничка тема со сите. Кај нив е изразена и емотивната интелигенција, цврсто стојат на земја и секогаш ќе дадат се’ од себе за да ја контролираат ситуацијата.

Емпатични се и секогаш ја сосслушуваат друата личност.

Во работата и парите се…

…. се трудат се’ да биде совршено ако веќе прифатат некоја работа или задача. Внимавајте, октомвриските бебиња не се многу добри со парите. Трошаат како да имаат неограничени залихи, поради што околината честопати мора да ги насочува кога се во прашање финансиите.

Во љубовта се…

Октомвриските бебиња сакаат романтика, љубов, држење за раце, галење… Ако некој сакаат, ќе дадат се’ од себе за да му угодат или покрај нив да се чувствува посебно.

Ќе ве нервираат ако…

Поради тоа што тежнеат кон искреност и правда, понекогаш знаат да бидат напорни. А поради тоа што совршено ги конторлираат емоциите, ќе помислите дека се ладни, но не грижете се, тоа е само нивен обид да излезат „кул“.

Исто така, бидејќи се многу креативни, честопати сонуваат и одлетуваат со мислите. Ако зборувате со окмтомвриските деца, прво уверете се дека со мислите се присутни кај вас.

Ќе се нервираат ако…

Негативност, песимиза. Сакаат да бидат опкружени со позитивни луѓе и бидејќи се многу внимателни за тоа како се изразуваат самите, може сериозно да се навредат ако им кажете нешто погрешно.

 

 

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close