Кафе муабет

ФИТНЕС ИНСТРУКТОР МАРИНА ГОРЊИВСКА : Расположени, среќни и мотивирани вежбачи ме прават среќна – НО МОТИВИРАНОСТ БЕЗ ДИСЦИПЛИНА НЕ НОСИ РЕЗУЛТАТИ

Вежбањето во теретана е местото каде што се чувствува своја и сака целото свое знаење и љубов да го пренесе кај своите вежбачи...

Марина Горњивска е стручен фитнес инструктор во Теретана Фид во Автокоманда, мајка на Олег, сопруга на Давид. Марина сака да ги мотивира луѓето да вежбаат, сака да готви интересни и невообичаени рецепти, но пред се’ здрави. Сака позитивни и насмеани луѓе, сака некогаш да се опушти во кафана и навечер да се почасти со Пелинковац и печени кикиритки. Најмногу го сака времето и заедничките игри со Олег. Вежбањето во теретана е местото каде што се чувствува своја и сака целото свое знаење и љубов да го пренесе кај своите вежбачи.          Фото/Приватна архива

За почетоците со вежбањето, работата со клиенти, мотивираноста но и справувањето на една жена со сите предизвици на современиот денешен свет говориме во Гламур Фит интервјуто токму со Марина.

Фото/Приватна архива

Кога почнавте и што најмногу Ве мотивираше професионално да се занимавате со вежбање?

Од мала возраст се занимавам со спорт. Уште на претшколска возраст почнав со одење на играорна. Во основно тренирав кошарка. Прв пат, во теретана влегов на 12 години. Вежбaњето ме исполнува, ме прави среќна, затоа и почнав со професионално вежбање. Истовремено, имам голема желба да ги мотивирам останатите да го засакаат спортот, а воедно и вежбањето во теретана.

Фото/Приватна архива

Како изгледа еден ден на Марина? Колку време од денот посветувате на тренинг?

Станувам во 5:30 часот, пијам кафе, го средувам домот, се туширам, го носам синот во градинка и во 8:00 почнувам со тренинзи. Утринските тренинзи траат од 8:00 часот до 10:30 часот. Се враќам дома, спремам ручек, го земам синот од градинка, си играм со него, се радувам на времето кое го поминувам со него. Вечерните тренинзи започнуваат од 17:00 часот и траат до 20:00 часот. Тоа би значело дека во денот отприлика посветувам околу 5,6 часа за вежбање.

Фото/Приватна архива

Работите како професионален и персонален фитнес тренер. Секојдневно сте инспирација и мотивација на многу жени, мајки, девојки кои сакаат да работат на себе.

Колку Вашата работа е предизвик за Вас и што говори искуството, сакаат ли македонците да вежбаат?

Мојата работа е секојдневен предозвик за мене. Постојано се трудам да внесам љубов и желба за вежбање кај секој што ќе влезе во нашата теретана.

Фото/Приватна архива

Во последно време, да, кај македонците се раѓа заинтересираност и желба за вежбање, и би рекла, општо за спортот.

Фото/Приватна архива

Според Вас како професионален инструктор, која е првата и основна причина да се почне со вежбање?

Прво и последно, здрав начин на живот, не лечење комплекси.

Фото/Приватна архива

Кога се говори за фитнес, вежбање и здрав начин на живот несомнено тука е вклучена и исхраната.

Дали тренингот како тренинг може да ги покаже очекуваните резултати или потребно е многу да се внимава на исхраната?

Тренингот може да ги покаже првите резултати и без огромно внимавање на видот на храна, но истата треба да се сфати како здрав начин на исхрана, не само како начин да се дојде до убаво тело. Тука морам да напоменам дека јас сум голем противник на диети и ново компонирани режими на исхрана и рестрикции.

Фото/Приватна архива

Каква исхрана им препорачувате на оние кои вежбаат кај Вас?

Балансирана.

Газирани сокови, било какви конзервирани џусеви, па дури и цедени сокови сум против. Тука би го вброила и белиот шеќер.

    Фото/Приватна архива

Што најмногу Ве радува како персонален тренер од вашите клиенти, а што знае да Ве налути?

Расположени, среќни и мотивирани вежбачи ме прават среќна. Редовноста, дисциплинираноста и заинтересираноста за вежбање се нешта кон кои секој персонален тренер тежнее. Од друга страна, најмногу ме лути кога ќе покажам дека треба да се извежба одредена вежба, а вежбачите велат дека не ја сакаат.

  Фото/Приватна архива

Колку дисциплината како особина е пресудна?

Пресудна е. Мотивираноста без дисциплина не може да доведе до резултати кои клиентот ги посакува.

Младиот човек денес, за убаво тело, за побрзи резултати и побрзо губење на килограмите често се решава за некој вид диета. Каков е Вашиот став за диетите?

Кажав и погоре, ќе се повторам. Ригорозните диети и новите начини на исхрана строго ги забранувам, затоа што тие можат да доведат до дисбаланс во организмот и до контра ефект, односно повторно добивање на килограмите, ама овој пат и зголемување на истите.

  Фото/Приватна архива

За колку време може да се забележи разлика во изгледот на телото доколку се вежба редовно и се внимава на исхраната?

Првите резултати се забележуваат уште веднаш. Тренингот е направен за резултатите да се видат уште првиот месец.

  Фото/Приватна архива

Активни сте на социјалните мрежи, особено на Инстаграм, кадешто веќе си имате изградено своја платформа со луѓе кои Ве следат.

Колку социјалните медиуми денес се мотивација и инспирација да се почне со вежбање?

Во денешно време многу. Сметам дека социјалните мрежи во овој сегмент влијаат доста позитивно. Постојаното скролање и “дозирање” со видеа и слики носи само по себе мотивација и инспирација да се влезе во теретана и да се вежба.

  Фото/Приватна архива

Често објавувате и здрави рецепти и оброци. Каков е фидбекот на публиката која Ве следи таму?

Фантастичен. Луѓето се изненадени од какви состојки може да се добие одреден оброк. Некогаш креативноста за создавање на нешто ново, невообичаено и различно но, сепак хранливо и вкусно доведува луѓето да сакаат да го пробаат, да го вкусат. Коментарите дека се изненадени од вкусот, од состојките, од брзата и едноставна подготовка се мотив да создавам нови рецепти.

  Фото/Приватна архива

Сопруга сте, мајка и жена која успешно се носи со предизвиците и брзината на новото време.

Кој е клучниот баланс за успех, или како постигнувате се’?

Планирањето е рецептот за успех. Брзиот начин на живот и големиот број на обврски кои ги имам во текот на денот се исполнуваат со добра организација, план и позитивна мисла.

  Фото/Приватна архива

Кој е Вашата најголема поддршка во се’ што правите?

Мојот сопруг.

Кое е Вашето мото?

Уф, повеќе се. Станувам секое утро и се погледнувам во огледало, си кажувам дека денот ќе биде убав и излегувам со позитивна мисла. Секој може! Прави ги луѓето среќни. Не го прави она што не сакаш да ти го прават тебе.

Фото/Приватна архива

Што би им препорачале на оние кои се’ уште се двоумат дали да почнат со вежбање?

Дојдете да вежбате во Теретана Фид на групни тренинзи. Ќе се чувствувате како дома, а ќе излезете среќни и згодни.

Ви благодарам!

Фото/Приватна архива

Фото/Приватна архива

Фото/Приватна архива

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close