Кафе муабет
Ужива во мајчинството: Маја Беровиќ гордо го покажа синот и ги разнежни фановите со овие фотографии!
Пејачката не е многу активна на социјалните мрежи...
Маја Беровиќ на крајот на февруари роди момче по име Лав.
Пејачката во текот на бременоста неколку пати позираше и не ја криеше среќата што стана мајка.
Таа во последно време не е толку активна на социјалните мрежи, а причина за тоа е фактот што се посвети на мајчинството во кое максимално ужива.
По повод Денот на мајката, Маја ги изненади своите придружници и објави неодоливи фотографии со нејзиниот наследник, синчето Лав.
-Среќен ден на мајките. Поздрав од капетанот на белиот брод, напиша таа.
Под објавата имаше коментари на воодушевување, а многумина не можеа да ја пропуштат совршената линија на Маја само неколку месеци по породувањето.
Беровиќ ги воодушеви своите придружници фотографирајќи се во хеланки и кратка маичка, додека многумина ја гледаа и коментираа за нејзината витка половина и рамниот стомак.
Маја неодамна откри зошто токму сега сакала да стане мајка.
– Градев кариера, да се посветев на мајчинството немаше да го направам тоа што го направив. Во принцип, го постигнав тоа што го сакав во животот. Пред неколку дена објавивме снимка од концертот во Арена. Сега се разбуди желбата да имам нешто што е дел од мене, не треба да се форсира, туку да се чека вистинскиот момент – рече Маја.
Извор близок до пејачката откри дека во познатата приватна клиника каде се породи Беровиќ, таа ја имала сета можна удобност за време на престојот. Се разбира, за големи пари.Беровиќ плати дури 7.000 евра за породувањето, а секој ден над планираниот ќе чини 510 евра.Маја во оваа болница ќе може да биде целосно смирена, но и да ужива во луксуз како да е на бања. Таа ја избра оваа клиника, затоа што постои можност во болничката соба да дојдат фризери, маникир и педикир, а има и посебен простор за медитација, открва исворот за 24 седум.
Маја се уште не се огласила по веста дека се породи во болницата во Грац, во луксузен апартман за кој се шпекулира дека платила дури 7.000 евра.