Кафе муабет

Убавата Турчинка конечно покажа како изгледа нејзината тримесечна ќеркичка Лили Кои

Најубавото бебе на светот и пресликана мама!

Фотографија што на многумина им го разубави денот

Познатата турска актерка Мерјем Узерли во Македонија се прослави со улогата на Хурем во Сулејман Величествениот.

Мерјем во јануари оваа година го роди своето второ дете – ќерката Лили кои, а сега сподели и прва фотографија од девојчето.

Шармантната турска актерка која што ја следат повеќе од 6.5 милиони луѓе од целиот свет, објави фотографија на која позира со малата Лили, но и со својата постара ќеркичка Лара која има седум години.

Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли

Фотографијата веднаш стана вирална и ги воодушеви нејзините бројни фанови, па за само неколку часа доби повеќе од половина милион лајкови и море од прекрасни коментари.

Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли

Според фановите нејзиното бебенце е „најслаткото на светот“ и неодоливо многу потсетува на својата позната мама.

Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли

Мерјем детето го доби со партнер чиј идентитет се уште го нема откриено, но потврди дека живеат задно и е среќна.

Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли

Мерјем која денес има 37 години својата прва ќерка Лара ја доби во екот на својата најголема популарност. Таа за време на снимањето на серијата со која се прослави, „Сулејман Величествениот“, беше во врска со турскиот бизнисмен Кан Атеш, но тој сакаше таа да aб*opтиpa, па таа реши да го остави додека беше бремена и одлучи детето да го роди и одгледува како самохрана мајка.

Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли

Тоа беше најтешкиот период во нејзиниот живот, а во еден момент дури малку фалело и да посегне по сопствениот живот.

Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли

„Во Анталија добив награда за глума, а истата вечер пробав да си го одземам животот. Отидов во собата, ја фрлив статуата и ја скршив, бев потполно луда и си ги исеков рацете, крв имаше насекаде. Сакав да се фрлам од балконот бидејќи во тоа го видов единствениот спас“, изјави таа во една пригода.

Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли

Мерјем тогаш отворено зборуваше дека во тој период била во исклучително тешка психичка состојба, но потоа откако се роди малата Лара сé се промени. Актерката тогаш уживаше во мајчинството и повторно беше исполнета на сите полиња, така што денес овој тежок период е далеку зад неа.

Таа по нервниот слом што го доживеа се пресели во Германија од каде што и води потекло и таму се породи.

Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли

Таа и денес живее во Германија, заедно со својот партнер и татко на нејзиното второ дете, кој се уште го нема покажано.

Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли
Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли
Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли
Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли
Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли
Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли
Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли
Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли
Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли
Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли
Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли
Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли
Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close