Кафе муабет
Убавата “буцка” се трансформираше а сега откри непознати детали: Еве што и велеле луѓето пред да ослабне 80 килограми
Сега полесно пее...
Пејачката Бојана Стаменов долго време се бореше со вишокот килограми но успеа по природен пат да се ослободи од нив и тоа со силна волја, правилна исхрана и редовен тренинг.
Таа сега истакна дека слабеењето не ги загрозило нејзините пејачки способности, туку дека, напротив, сега и е многу полесно да настапува.
„ Полесно дишам и полесно се движам, затоа и многу полесно пеам. Не е исто како порано, затоа што јас посветив голем дел од мојот живот на клубови и зачадени соби, но сепак можам да се повлечам кога ми треба. Луѓето често велат „дебелата може да повлече“, но јас веќе не сум толку дебела, па Бојана да влече“, низ смеа изјави пејачката во емисијата “Pusti brigu” на ТВ „Курир“.
Нејзината неодамнешна трансформација е едно од најголемите изненадувања на јавната сцена и еден од најголемите подвизи.
– Наеднаш колегите и пријателите почнаа да ми велат дека сега сум „мачка“, но сепак ми е смешно. Веројатно сега сум попривлечена, што знам. Но, јас никогаш не го правам првиот потег на полето на љубовта, мислам дека мажите се ловци кои први треба да и пријдат на една девојка, иако гледам дека денес тоа е многу променето. Не знам дали немаат храброст или жените се само многу подоминантни. Исто така, ми велат дека сум „алфа женка“, дека доминирам каде и да се појавам и дека мажите можеби се плашат да ми пријдат. Еве една порака за нив – сепак е послатко кога момчето и приоѓа на девојка отколку обратно и не плашете се бидејќи обично оние кои се најдоминантни се всушност и најнежните. Во основа сме мачки – изјави неодамна Бојана за „Стори“.
Бојана Стаменов единственото решение го пронајде во диетата која и помогна да ги надмине новите здравствени проблеми.
Имено, таа од ден на ден станувала се понервозна, најчесто без причина, шеќерот во крвта и скокнал на 30, а видот и бил заматен и не гледала добро.
Првичната идеја на оваа „дебела жена“, како што самата се нарекува, била да оди на интервенција за намалување на желудникот, за што почнала да се подготвува.
Бидејќи за операцијата морала да го контролира шеќерот и да ослабе, ја променила исхраната и почнала да вежба, а по четири месеци почнала да слабее. За краток период ослабела 30 килограми и сфатила дека намалувањето на желудникот е губење време и многу ризична работа.
Исхраната на Бојана Стаменов се состоеше од пилешко, јајца, риба, салата, овошје, сето тоа по однапред утврден режим, истовремено активно тренираше и разговараше со својот тренер дали во текот на денот била под стрес. Сето тоа заедно и помогнало да изгуби осумдесет килограми.