Дом и семејство

ТРАГЕДИЈА која и го смени животот: Рада Манојловиќ со солзи во очите- пејачката во тешка состојба

Рада е истрауматизирана...

Пејачката Рада Манојловиќ ја изгубила мајка си Мирјана кога имала само деветнаесет години. Иако денес живее живот како од бајка, има прекрасна сестра и татко болката за нејзината мајка не стивнува.

Фото: Инстаграм/ Рада Манојловиќ

Нејзината блескава кариера ѝ помогна да ја заборави најголемата трагедија во животот кога мајка и почи-нала во нејзини раце.

Фото: Инстаграм/ Рада Манојловиќ

-Најтешкиот период во животот ми беше кога ја изгубив мајка ми. Таа ум-ре во моите раце. Ја потиснав таа болка длабоко во себе за да можам да продолжам да живеам и да функционирам. Се трудам да не размислувам за таа загуба, но секој ден се сеќавам на мојата Мирјана – со тага во гласот изјави Рада.

Фото: Инстаграм/ Рада Манојловиќ

Болката и денеска ја гуши, сепак, Рада истакнува дека е среќна што имале можност да се поздрават.

Фото: Инстаграм/ Рада Манојловиќ

– Му благодарам на Бога што се се случи пред мои очи, што ја држев за рака додека умираше. Би се чувствувала ужасно ако работам некаде додека таа го напушта овој свет. Единствена утеха ми е што бев со неа во последните моменти – изјавила Рада.

Фото: Инстаграм/ Рада Манојловиќ

– Не можам да ги извадам тие слики од мојата глава и само луѓе кои доживеале нешто слично можат да ме разберат. Кога почнувам да мислам на мајка ми, станувам тажна, депресивна и имам црни мисли. Затоа се трудам да не размислувам. Се убедив дека мајка ми е некаде на пат и се преправав дека смртта не постои. Тоа е единствениот начин да живеам со тоа – додала таа.

Фото: Инстаграм/ Рада Манојловиќ

Пејачката истакнува дека нејзината мајка боледувала од излечив вид на рак, но дека почи-нала по лекарска грешка.

Фото: Инстаграм/ Рада Манојловиќ

– Мајка ми почина по грешка на докторот. Таа имала рак на грлото на матката, а тоа е тип кој може да се излечи во над 90 проценти од случаите. Кога имала 37 години, лекарскиот совет одлучил да не и ги отстранува матката и јајниците затоа што можеби ќе сака уште да раѓа- додала Рада.

Фото: Инстаграм/ Рада Манојловиќ

– Со неа се однесуваа на друг начин. Во неа оставиле темпирана бомба, која подоцна експлодирала. Лута сум по нивната одлука, бидејќи лекарите денеска сигурно би и извадиле се, особено што тогаш веќе имала две деца. Си поиграа со нејзиниот живот и јас и сестра ми Маја останавме без мајка – вели таа.

ФОТО: Рада Манојловиќ / Инстаграм

Некои рани никогаш не заздравуваат, а Рада го доживеа најболното.

ФОТО: Рада Манојловиќ / Инстаграм

– Не закрепнав од смртта на мајка ми, а веќе настапив по десет дена. Морав да заработам пари за нашите луди обичаи. Никој не ме праша дали сакам, само ми рекоа: „Оди пеј“. Пеам, а телото ми трепери, душата ми се распаѓа – заврши Рада.

ФОТО: Рада Манојловиќ / Инстаграм

Таткото на Рада, Раде Манојловиќ започна да се гледа со Сузана, која сега е маќеа на Маја и Рада.

ФОТО: Рада Манојловиќ / Инстаграм

Сузана откри дека никогаш не правела разлика помеѓу Рада и Маја и нејзините деца и посочи дека никогаш немала намера да ја замени нивната мајка.

ФОТО: Рада Манојловиќ / Инстаграм

Кога дојдов да живеам тука со нивниот татко, не се обидов да ја заменам нивната мајка. Јас ги третирам исто како мои. Би било глупаво да кажам дека ги сакам повеќе од моите деца, но не ги двојам. Секој добива ист роденденски подарок – истакна Сузана.

ФОТО: Рада Манојловиќ / Инстаграм

Пејачката во едно интервју изјави дека на неа и нејзината сестра им било многу тешко на почетокот кога нивниот татко донел друга жена во куќата по смртта на нејзината мајка.

ФОТО: Рада Манојловиќ / Инстаграм

Маја, сестрата на Рада, пред извесно време откри низ што поминале како семејство по немилиот настан.

ФОТО: Рада Манојловиќ / Инстаграм

– Таа беше во болницата во Белград три месеци,на зрачење останатиот дел го помина дома. Цело време бев со неа, само одев на училиште и назад, бидејќи Радмила работеше цело време, тато ја возеше на свирки.

printscreen instagram/_marija_manojlovic

Не и реков ништо, не сакав да ја секирам, бидејќи таа мораше да работи и мислев дека само тоа треба да прави. Не и дозволив на Радмила да направи ништо во куќата, бев насекаде околу мајка ми, подготвував, чистев, тоа беа тешки моменти – рече Маја и додаде:

ФОТО: Рада Манојловиќ / Инстаграм

– Се случува и сега да и кажам на Радмила некои ситуации, кога таа не беше дома. На Радмила секако најмногу и е жал што не беше со нејзината мајка, не знаевме дека мајка ми ќе умре.

Знам дека најмногу на светот сакаше да биде со неа, но не можеше затоа што работеше.

ФОТО: Рада Манојловиќ / Инстаграм

Таа сега плаче кога ме слуша што сум поминала со мајка ми и што не можела тоа да го види . Не можеше да биде со неа се колку што јас бев.

ФОТО: Рада Манојловиќ / Инстаграм

Не ја оставив да мисли на тоа, да не се секира бидејќи знам колку се мачеше на тие настапи, таа и тато работеа свадби од утро до вечер.

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close