Кафе муабет

“Тој е слабак, не може да го погледне синот во очи”: Мирослав Илиќ повторно на рочиште- Мирјана и Девин пристигнаа во Белград спремни за докажување на татковство!

Девин и таа живееле сами, без никаква помош, па истакна дека доколку има можност би му поставила безброј прашања на Мирослав...

Целата јавност е запознаена со случајот на Мирјана Антоновиќ и Мирослав Илиќ, кој наводно има вонбрачен син со неа но не сака да го признае.

Сега таа од Америка пристигна во Белград заедно со нејзиниот син Девин да присуствуваат на рочиштето закажано за денес во Палатата на правдата, што го имаат со Мирослав Илиќ.

Непосредно пред средбата со пејачот и неговите адвокати, Мирјана откри што очекува понатаму, како од судството, така и од човекот кој не сака да го прифати својот син, за кого тврди дека е негов.

На прашањето колку е тешка целата ситуација со Мирослав за Девин, таа рече:

– Девин е мојот херој. Како што знаете, овие години тој не само што се бореше со Мирослав, туку и со создавањето на неговата кариера. Фала му на Бога, тој е многу успешен во кариерата и сега мора да го заврши ова со Мирослав, па ќе биде мирен. Тој не сака да се експонира во јавноста, но колку и да беше тешко и колку пати сакаше да се откаже, мора да истрае сега. Не толку за себе, туку во име на сите самохрани мајки и невини деца кои се наоѓаат во слични ситуации. Секојдневно му испраќаат пораки и го молат да не се предава – изјави Мирјана за српски Курир.

Таа вели дека сите овие години Девин и таа живееле сами, без никаква помош, па истакна дека доколку има можност би му поставила безброј прашања на Мирослав.

– Девин и јас би имале многу да го прашаме. Како прво, за што му требаше сето ова кога имаше можност да стори сé што е во рок од половина час со еден разговор со Девин.

фото инстаграм
фото инстаграм

– Мирослав е слаб, па се сомневам дека ќе има храброст да се појави пред неговиот син и да го погледне во очи. Според овој закон, бидејќи тој одби ДНК, тој повеќе не мора да се појавува. Судството може да донесе одлука без него. Сега треба да одиме понатаму со сведоците, меѓу кои е и нашата драга Брена и сестра ми Јелица, кои се мои херои од женска страна – заклучи Антоновиќ.


Сопругата на фолкерот во една прилика даде изјава дека ниту таа ниту пејачот не сакаат да ги коментираат овие настани, и застана на страната на Мирслав Илиќ.

Гордана Илиќ, сопруга на Мирослав Илиќ, тврди дека таа и сопругот нема потреба да се бранат, бидејќи веруваат во Божја правда и дека целата ситуација наскоро ќе се разјасни.

-Во бракот воопшто немавме криза, се расправавме, но немавме криза, или било какви кризи што би довеле до развод … Имало ситуации кога сме се расправале жестоко, најчесто за некои ситници во воспитувањето децата, дали кучето било на време нахрането или прошетано, дали нешто е таму каде што треба да стои или не … Посериозните работи ги решаваме многу полесно од овие ситници. Мирослав е тој кој секогаш прв попушта. Јас сум многу тврдоглава, јас сум двоен Овен во хороскоп. Обично ми велат: „О Боже, навистина е тешко да се биде во брак со него“, но никој не прашува како се чувствува тој со мене – изјави Гордана во една прилика за Блиц.

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close