Кафе муабет

Тој боледува од Алцхајмерова болест – ја запросил сопругата по втор пат а нејзиниот потег расплака многумина!

Иако лицето кое пати од оваа болест го губи помнењето, сепак оваа жена е доказ дека вистинската љубов може да надмине се...

Алцхајмерова болест се почесто се појавува во денешницата. Тоа е болест од групата на невродегенеративни заболувања. Обично се јавува кај населението над 65 годишна возраст и е одговорна за 60% од дементните заболувања, следена од васкуларните деменции на второ место и алкохолната деменција на трето.

foto Facebook
foto Facebook

Иако лицето кое пати од оваа болест го губи помнењето, сепак оваа жена е доказ дека вистинската љубов може да надмине се.

На Питер Маршал (56) пред неколку години му беше дијагностицирана Алцхајмерова болест. За жал, болеста избриша многу спомени на Питер, вклучувајќи го и фактот дека кога имал 44 години, се оженил со Лиза.

foto Facebook

foto Facebook

Лиза и Питер често прелистуваат албуми со фотографии. Лиза тоа го прави по препорака на лекар кој ја советуваше дека така Питер подолго ќе се сеќава на животот пред Алцхајмеровата болест. Додека еден ден ја гледаа својата венчавка на ТВ, Питер реши повторно да ја запроси својата сопруга.

foto Facebook

„Ајде да го сториме тоа“, и предложи тој на Лиза.

Лиза беше збунета, бидејќи не можеше ни да претпостави дека тој не ја препозна ниту неа ниту пак самиот себе на свадбеното видео.

– Питер покажа на ТВ, и ме замоли повторно да се омажам за него. Тој имаше голема насмевка на лицето, а јас бев тажна затоа што сфатив дека тој не знае дека всушност ние веќе сме во брак, како и дека не се препознава себеси или мене на видеото што го гледавме – раскажува Лиза.

foto Facebook
foto Facebook

Но, таа не сакаше да го разочара човекот што го сака.

Бидејќи ќерката на Лиза од првиот брак работи како организатор на венчавки, нејзината мајка ја замоли да организира нова прослава за неа и Питер.

Двојката уживаше во церемонијата, па дури и ги обновија своите завети, но за жал, болеста на Питер напредува толку брзо што тој престана да се сеќава на некои детали од втората венчавка.
Сепак, тоа беше совршен ден за Лиза и таа многу убаво се сеќава на тоа.

foto Facebook
foto Facebook

– Не можев да сонувам за подобар ден. Беше толку нереално и магично. Не се сеќавам кога последен пат го видов толку среќен – рече таа.

Лиза го документира животот на Питер на една страница на Фејсбук наречена „Здраво Алцхајмерова болест“, каде споделува тешки и трогателни искуства со луѓе кои имаат и некој близок со оваа болест.

Foto Printscreen
Foto Printscreen

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close