Кафе муабет

Луна Џогани објави фотографија од ултразвук и покажа како изгледа нејзиното бебе: “Совршена е”!

Луна ужива во бременоста...

Во последните неколку месеци Луна Џогани (25) е во центарот на вниманието поради бременоста.

Имено таа е бремена со своето прво бебе, кое е девојче и ќе го носи името Миа. Имено пред извесно време Луна објави фотографија на социјалните мрежи од ултразвук и покажа како изгледа нејзината ќерка.

Луна објави слика на која се гледа лицето на бебето на ултразвукот, не криејќи ја својата радост.

фото инстаграм

– Долго време размислував дали да ја објавам сликата од моето прекрасно бебе, но по оваа слика решив! Започна Луна.

– Денес имавме контрола, бевме да го видиме нашето бебе, не дека е наше, но е совршено! Го сакам ова битие сега колку што ќе го сакам и кога ќе се роди! Мама и тато се пресреќни што доаѓаш кај нас, наше бебе – напиша Луна во објава на Инстаграм.

Инаку, еден од обожавателите на Луна Џогани пред извесно време истакна дека е отворена сметка на која, наводно, досега собрале 25.000 евра за нејзиното бебе.

Наводно, како што истакна непознатата жена за јавноста, Луна и Марко ќе ги добијат парите веднаш штом се роди бебето.

– Има многу од нас кои ја обожаваат Луна уште од Задруга 1. Сè уште сме со неа, а сега со Марко, ги гледаме како наши деца. Сакам да ги израдувам кога ќе добијат бебе, па започнав кампања за собирање средства на Инстаграм. Живеам во Виена и отворив сметка за секој да може да уплати колку што сака, а уплаќаат повеќето жени од дијаспората. Досега собравме 25.000 евра, но ќе има уште повеќе до раѓањето – изјави за „Информер“ неименуван обожавател на парот од Виена, додавајќи дека само таа дала 2.500 евра.

– Секој дава колку што има. Некои100 евра, некои 500 … Јас донирав 2.500 евра, затоа што сакам да и се оддолжам што ми го направи животот подобар претходните години откако ја следев во реални шоуа. Парите ќе ги добијат кога ќе се роди бебето за да можат да купат се што е потребно – рече таа и додаде дека фановите наводно организирале и платиле за патувањето на Луна и Марко во Париз.

фото инстаграм

фото инстаграм

За потсетување, Луна и Марко моментално се во Дубаи каде го прославија нејзиниот роденден.

foto instagram

Патувањето беше роденденски подарок од Марко за Луна а таа не можеше да ја сокрие среќата и веднаш се пофали на социјалните мрежи. Дека максимално ужива во бременоста и на песочните плажи говорат и фотографиите кои ги споделува…

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close