Кафе муабет

Тешката животна приказна на пејачката: Не се срамам што сум Ромка- Мина Костиќ откри детали кои никој не ги знаеше!

Живеела во трошна куќа со девет браќа и сестри, па ја посвоила тетка на познат пејач...

Пејачката Мина Костиќ неодамна отворено зборуваше за својата националност. Таа неколку пати има изјавено дека воопшто не се срами од своите корени. Имено, Мина никогаш не криеше дека е Ромка, а сега отворено зборуваше за тоа.

фото инстаграм


– Не се срамам што сум Ромка, никогаш не го криев тоа. Поздрав до моите Роми. Не сум навредена кога ќе ми кажат дека сум Циган. Ништо повеќе не може да ме навредува, јас знам која сум и што сум и немам причина да бидам навредена. Важно е дека сум човек а каква е бојата на кожата е навистина неважно – рече Мина во една емисија.

Инаку пејачката има тешка животна приказна.

фото инстаграм
фото инстаграм

Живеела во трошна куќа со девет браќа и сестри, па ја посвоила тетка на познат пејач.

Родена е како Минира Јашари, а нејзините родители Али и Зоја покрај неа имале уште девет деца. Сите тие живееле во трошна куќа во една приградска населба, додека Мина е дадена на посвојување уште од 5 годишна возраст. Неа ја прифатила и огледала Дуда Ивановиќ, тетка на популарниот рапер Иван Ивановиќ Џус.

фото инстаграм
фото инстаграм

Во животот многу напатила, кога била мала изгубила родена сестра која се удавила.

– Една сестра ми се удави кога имаше 13 години…Тоа јас тешко го поднесов, рекла Мина за едно интервју.

фото инстаграм

Костиќ никогаш не ги заборавила нејзините биолошки родители.

– Сите сме многу врззани, убаво се сложуваме. Слушам често дека луѓето не се сложуваат добро со браќата или со сестрите, но ние сите добро се сложуваме. Татко ми го изгубив пред две години, за него бев многу приврзана…И навистина не бев свесна дека ќе ми биде многу тешко, рекла Мина Костиќ.

Пејчката Мина Костиќ пред извесно време откри и на каков начин ја одгледува нејзината ќерка Анастасија, која има 12 години.

Мина открива дека нејзината наследничка не бара многу, и дека е воспитана во се да има мерка, иако се труди да и даде повеќе од тоа што е во нејзина моќ. Вели дека е совесно дете и секогаш пред да побара нешто ја прашува мајка си дали може да си го дозволи тоа.

Анастасија ја интересира глумата, но Мина вели дека повеќе сака нејзината ќерка да се занимава со пеење.

– Да се пееат модерниве песни малку е срамота. Сепак повеќе сакам да биде пејачка отколку актерка, не затоа што сум нешто против глумата, туку мислам дека како пејачка има повеќе можности, а многумина актери убаво пеат, еве на пример Иван Босилјиќ, истакна пејчката во една прилика.

За потсетување Мина беше во брак со бизнисменот Тиосав Тика Сретеновиќ, од кого се разведе, а од нејзиниот втор брак со пејачот Игор Костиќ ја има ќерката Анастасија.

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close