Дом и семејство

Таа што ќе го земе ќе ужива во луксуз: Синот на Драгана Мирковиќ го покажа семејниот замок, вакво нешто не сте виделе ниту на филм! (Видео)

Марко е во врска со Анастасија...

Замокот Ебенфурт, јужно од Виена, кон границата со Унгарија, од 2010 година е во сопственост на Драгана Мирковиќ и нејзиниот сопруг Тони Бијелиќ.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

Иако објектот од големо историско значење е на списокот на австриски културни споменици, тој за малку ќе се срушеше.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

Познатата двојка одвои значителни средства за реставрација, и благодарение на нив замокот го врати својот поранешен сјај и денес изгледа спектакуларно.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

Во тоа не убеди Марко Бијелиќ, синот на фолк ѕвездата и успешниот бизнисмен. Имено наследникот на Мирковиќ на социјалните мрежи сподели видео на кое се гледа луксузниот дворец, а воедно и ги прошета своите следбеници низ внатрешниот двор и луксузниот двор на Ебенфурт.

фото инстаграм/Марко Бјелиќ

Скапите автомобили се паркирани еден до друг – „ролс-ројс“, жолто-црно „ламборџини“, црвено „ферари“…

фото инстаграм/Марко Бјелиќ

Воедно тие се големата љубов и омиленото хоби на Марко.

Со оглед на тоа што ниту ќерката на пејачката, ниту нејзиниот син не се занимаваат со јавни работи, јавноста отсекогаш ја заинтригирала професијата на децата на познатата пејачка, која ужива во богатство.

фото инстаграм/Марко Бјелиќ

Таа воопшто не зборува за нивните планови во животот, сè до еден момент кога открила со кое хоби се занимава Марко.

фото инстаграм/Марко Бјелиќ

– Моите деца се најнормалните деца на светот, имаа нормално детство и беа одлични ученици. Марко студираше економско право, а интересно е што Мануела додека го завршувала средното образование работела на рецепција во „Рико“ – а тој детал го откри Драгана во емисијата „Прв ред“ и многумина биле пријатно изненадени од оваа изјава.

фото инстаграм/Марко Бјелиќ

Пред две години, синот на Драгана присуствуваше на хуманитарен настан, автомобилска трка што се одржа на патеката Хокенхајм во Германија.

фото инстаграм/Марко Бјелиќ

Сепак, пејачката додаде дека не би сакала Марко да стане професионален возач и дека се надева дека се ќе остане на ниво на хоби.

фото инстаграм/Марко Бјелиќ

Имено, синот на пејачката до пред извесно време се криеше од очите на јавноста, но сега е се поактивен на социјалните мрежи и мора да се признае дека тој порасна во вистински фраер.

фото инстаграм/Марко Бјелиќ

Како што неодамна објавија медиумите, синот на Драгана Мирковиќ, Марко Бијелиќ моментално е во емотивна врска со Анастасија во која како што се шушка во медиумите, многу се заљубил. Пејачката наводно е загрижена бидејќи Марко сака да се пресели.

фото инстаграм/Марко Бјелиќ

Марко во Белград нашол девојка во која се заљубил и поради неа сака да го напушти домот, односно да се пресели од Австрија. Марко никогаш претходно не се разделил од семејството, па пејачката тука гледа причина за грижа.

фото инстаграм/Марко Бјелиќ

„Марко многу се заљуби. Со девојката бил прво на море во Хрватска, а потоа заедно заминале во Будва. Кога и испратил порака на Драгана дека нема да се враќа во Виена, таа доживеала голем шок. Марко и напишал дека ќе остане на море до крајот на август, а потоа ќе најде стан во Белград каде што ќе остане малку. Драгана се исплашила дека можеби нема да најде некое лошо друштво, а потоа синот и објаснил дека сето тоа е поради новата девојка со која многу добро се согласува. Тогаш и падна камен од срцето“, тврди извор за „Папарацо“ и додава:

фото инстаграм/Марко Бјелиќ

„Драгана сè уште не ја запознала неговата девојка, па таа го замоли Марко што поскоро да ги види сите заедно, а тој и го ветил тоа. Деновиве би требало да се сретнат во Белград, а Драгана веќе дознала дека нејзината потенцијална снаа се вика Анастасија и дека е од добро семејство. И таа завршила факултет, исто како Марко, но сè уште не нашла работа. Треба да се разбере и Драгана, таа знае дека нејзиниот син е добра можност бидејќи потекнува од богато семејство и дека девојките го бркаат поради тоа, не само поради неговата убавина“, истакна изворот за „Папарацо“.

фото инстаграм/Марко Бјелиќ

Инаку Марко има 22 години, сака добри автомобили, музика, љубител е на Формула 1, има исклучително високо образование и страстен вљубеник е во патувањата и излегувањата.

фото инстаграм/Марко Бјелиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close