Кафе муабет

Станавме социјален случај- актерката Лилјана Јакшиќ се пожали за финансиската состојба- сама ја одгледува ќерка си која ја роди во шестата

Актерката неодамна се пожали на лошата финансиска состојба...

Лилјана Јакшиќ, која македонската публика најдобро ја знае преку улогата на Салвета од „Курсаџии“, пред седум години на 52 годишна возраст, се оствари во улогата на мајка.

Имено, екипата на шоуто „Папарацо Лов“ ја фати познатата актерка на прошетка со нејзината седумгодишна наследничка, која сега е прво одделение, а Лилјана сама се грижи за неа.
Актерката неодамна се пожали на лошата финансиска состојба.


– Седум месеци не работам и нормално дека короната влијаеше. Неевројатна ми е приказната, како да сум во зоната на самракот од која не можам никако да се разбудам, открива актерката.

Лилјана истакнала дека помошта од државата е исто како да си „социјален случај“, но и порај тоа таа не упати никаов апел за помош.

– Јас не упатив апел, добивме околу 90 илјади за првите три месеци, а потоа станавме социјален случај, поради коронавирусот. Кога животот ви дава лимон вие правите лимонада. Ми се случи адвокатската канцеларија да донира за мојата претстава Скадарлија – рече актерката и ја спомна својата ќерка Дарија, која годинава започна да оди на училиште:

– Сега оди на училиште. Таа беше возбудена и јас бев возбудена. Тоа е еден од најсвечените моменти во мојот живот. Првиот е кога ми ја донесоа во породилното одделение. Бев многу среќена кога ми рекоа дека ќе почне да оди на училиште, сега е во училишната клупа секој ден.


Актерката се присети и на денот кога ја роди нејзината ќеркичка Дарија.

-Еве, штотуку ми капнаа неколку солзи радосници, затоа што на пред седум години, ја родив мојата мала Дарија. Емоции, сеќавања, збрка во душата и во главата ме обземаа што дури во еден момент застанав, а тој момент се уште трае, веројатно не сакам да излезам од моментот на целосна среќа која е денес реткост, искрена била Лилјана.

Погледнете како денес изгледа Дарија:

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close