Кафе муабет
Соседите открија шокантни детали за Харис и Мелина: Им го дадоа овој прекар, ова е вистинското лице на семејството
Харис секогаш е намуртен...
Семејството на пејачот Харис Џиновиќ отсекогаш било интересно за јавноста што особено не му се допаѓа на пејачот.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/02/харис-2-1024x660.png)
Прво голема прашина се крена кога се ожени со многу помладата Мелина, а сега нивната популарност ја краде нивната ќерка Џина со објави на социјалните мрежи.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/09/haris12.jpg)
Соседите велат дека сите се воодушевуваат од вилата во која живее оваа брачна двојка со своите две деца, но дека секој член од семејството е различен.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/09/haris10.jpg)
– Харис и во живо е како и на телевизија, тој е донекаде резервиран. Изгледа дрско, но мислам дека тоа е негов начин да се одбрани досадните прашања од минувачите. Веќе знаете колку луѓето можат да бидат напорни кога се во прашање јавните личности, а неговиот став јасно кажува „не се приближувај“, со рече еден негов сосед кој живее во зградата спроти вилата на Харис.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/09/haris6-768x636-1.jpg)
За разлика од Харис, Мелина е дружељубива и весела жена.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/02/харис-1-1024x593.png)
– Мелина е весела и харизматична жена. Таа блеска кога ќе ја видите, за разлика од Харис чија насмевка речиси никогаш не сум ја видела. Често се шегуваме дека двајцата се „Убавицата и Ѕверот“, Навистина е мрачен цело време, но кога ќе го поздравам ми вели здраво. Не можам да кажам дека не е пристоен, но и не е достапен. Гледаме дека се пишува за нивната ќерка, малата е навистина убава и како и сите деца од таа ера, секогаш уредна и средена. Ретко го гледаме нивниот син, за разлика од неа која секогаш оди некаде, се враќа, носи друштво – рече за тамошните медиуми сосетката Мирјана.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2020/11/haris8.jpg)
-Имаат и градинар и куќни помошнички, мислам дека понекогаш им доаѓа готвач, особено кога има прослави, а кај нив често се слави. Харис има и студио таму, па гледаме некои пејачи кои доаѓаат. Никогаш не е бучно бидејќи звучната изолација е веројатно добро направена. На адресата често пристигнуваат цветни аранжмани, за Мелина бидејќи сака просторот да и биде убаво уреден. Во текот на летото ги гледавме на базенот што го имаат на тераса, доаѓаа и нивните пријатели, особено на малата Џина, открива друга сосетка.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/08/џина-3.png)
-Верувам дека не ни знаат кои им се соседи, не се дружат, а не ги гледаме како се шетаат. Често го гледам Харис со торба како оди на тренинг, а и да трча или да оди, тоа го прави околу Кошутњак. Мелина е секогаш во вртоглави потпетици. Никогаш не сум ја видела во патики, завршува сосетката Наташа.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/12/melina-1.png)
Тие се во складен брак…
Харис е во брак повеќе од две децении, а пејачот призна дека неговата сопруга порано била љубоморна.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/12/melina-2.png)
– Па, тоа навистина поминува со времето, но зависи за каква љубомора се работи. Не знам зошто не би и пришле, ако се добри и закажуваат состанок, зошто да не. И таа е љубоморна, што знам… Знам дека беше љубоморна како ѓавол, а сега не знам – изјави пејачот кој е 29 години постар од својата поубава половина.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2020/11/melina4.jpg)
Харис и Мелина Џиновиќ се венчаа летото во 2014 година. Тогаш веќе ги имаа ќерката Џина и синот Кан, како и 12 годишно живеење под ист покрив.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/09/мелина-1.png)
– Рокерски сме ориентирани, па така живеевме. Бракот не мора да постои доколку чичкото од Општината го прогласи за валиден, објасни Харис.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/12/melina-4.png)
Судбоносното „да“ го кажаа на 11 јули на луксузната јахта „Maltese Falcon“ укотвена во близина на Дубровник.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/04/2151607_haris-melina_ls.jpg)