Кафе муабет
Сопругата на Саша Поповиќ го промени личниот опис: Сузана Јовановиќ непрепознатлива- изгледа десет години помладо
За нејзиниот изглед се грижи снаата и ќерката Александра...
Сузана Јовановиќ важи за жена на која многумина и завидуваат поради тоа што е сопруга на Саша Поповиќ но и поради тоа што има среќа и дека живее вистинска бајка за која сонуваат многу жени.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/03/suzana-jovanovic-1.jpg)
Може да се пофали со хармонично семејство, лесен живот и богатство, но важи за една од оние дами кои не придаваат големо значење на материјалните работи и многумина кои ја познаваат велат дека нејзината најголема доблест е скромноста.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/06/suzana8-1.jpg)
Иако уште од првото појавување важи за една од најубавите пејачки на естрадата изгледот на Сузана Јовановиќ не е нешто со што таа сакаше да привлече внимание, што може да се заклучи од фотографиите од нејзиниот „Инстаграм“ профил каде често можеме да ја видиме во сосема опуштени изданија и без шминка.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/02/suzana7.jpg)
Познато е дека Сузана вложува многу во негувањето на својот изглед, Сузана од почетокот на кариерата до денес не подлегнала на модерните трендови за убавина кои вклучуваат естетски корекции, а иако пријателите ја наговарале да се подложи на третмани за подмладување, таа не се согласила на тоа, со оглед на тоа што сметаше дека се уште е рано за такво нешто, пишува „Свет“.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/02/suzana8.jpg)
Таа со години и остана верна на бојата на косата, а единствената промена која повремено можеше да се забележи кога станува збор за изгледот на Сузана Јовановиќ е начинот на шминкање, и тоа се должи веројатно на убедување на нејзината снаа, која е познат шминкер.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/11/сузана-ј.png)
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2023/03/suzana-u.png)
Дека и шминката може да направи чуда, а жената да ја направи непрепознатлива, нè уверија последните фотографии на Сузана на која таа со нагласена шминка и сериозен израз, според мислењето на многумина, не личи на себе.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2023/03/suzana-j.png)
Иако повеќето се согласуваат дека новиот изглед исклучително и прилега, има и такви на кои не им се допадна новиот изглед на Сузана Јовановиќ, бидејќи како што велат, сакаат да ја видат насмеана, како што била отсекогаш.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2023/03/suzana-l.png)
Инаку, за изгледот на Сузана се грижат нејзината ќерка Александра и снаата Тијана, кои наскоро ќе започнат заеднички бизнис.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2023/03/suzana-m.png)
Имено, ќерката Александра завршила курс за маникир, па решила со тоа да се занимава во иднина, а нејзиниот татко Саша Поповиќ еднаш откри дека ќе започне бизнис со нејзината снаа, сопругата на Даниел, која е позната шминкерка и работи во „Гранд“.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2023/03/suzana-ki.png)
Иако сме навикнати да ја гледаме Сузана со нејзината препознатлива руса коса, сепак таа ужива да прави трансформации па погледнете неколку фотографии на кои сопругата на Саша Поповиќ изгледа непрепознатливо.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2023/03/suzana-bh.png)
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2023/03/suzana-g.png)
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2023/03/suzana-h.png)
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2023/03/suzana-hh.png)
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2023/03/suzana-ii.png)
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2023/03/suzana-lo.png)
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2023/03/suzana-t.png)
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2023/03/suzana-te.png)
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2023/03/suzana-to.png)