Кафе муабет

Сите се молат за познатиот фолкер: Тага во домот на Слоба Васиќ- заврши на ургентен, болеста напредува…

Не се чувствува добро...

Јавноста е загрижена за здравјето на познатиот фолкер, Слоба Васиќ кој вчера заврши во Ургентниот центар поради здравствен проблем кој го има со години.

фото инстаграм/Слоба Васиќ

Пејачот и поранешна „Ѕвезда Гранда“,  боледува од хипертензија, но притисокот сега е во драстичен скок, па лекарите мораат да ја следат неговата состојба.

фото инстаграм/Слоба Васиќ

Извор близок до пејачот изјавил дека Васиќ испил две таблети и не спиел две ноќи. Поради несоницата му се слошило, а се наведува дека лековите не се опијати туку терапијата што ја прима.

фото инстаграм/Слоба Васиќ

Здравствената состојба на Слоба Васиќ е драстично нарушена поради стресната ситуација која ја имал, чии детали се уште не се познати на јавноста.

фото инстаграм/Слоба Васиќ

Неговата сопруга Јелена, која по професија е доктор, не се изјасни и не кажа ништо за моменталната состојба во која се наоѓа пејачот.

фото инстаграм/Слоба Васиќ

Пријателката и ПР на Слоба, Ајла Механовиќ откри како е моментално Слоба Васиќ:

фото инстаграм/Слоба Васиќ

– Се што можам да кажам е дека се надеваме дека ќе биде добро! Тој со години има висок крвен притисок, а сега е во голем скок, па тоа повлекува подетални анализи, за да се утврди понатамошната терапија, а пред се самата причина за состојбата во која се наоѓа. Патем има терапија за притисок, но сега треба да одредиме што понатаму… Беше пуштен дома, со семејството е и фала богу се е ок. Не сакам да кажам од што се разболе, бидејќи сега му треба одмор – изјави таа за српски Информер.

фото инстаграм/Слоба Васиќ

Слоба Васиќ долго време се бореше со дебелината, а вишокот килограми беше причина да се одлучи за еден вид операција на желудникот. Во него е вграден специјален балон кој го „смалува“ желудникот, односно просторот за храна останува помал.

фото инстаграм/Слоба Васиќ

Но, таа процедура не ги донесе посакуваните резултати, па пејачот успеа да ослабе само неколку килограми. Недостигот од брзи резултати го натера да се посвети на поздрав начин на живот.

фото инстаграм/Слоба Васиќ

Засега не се знае дали влошувањето на неговата здравствена состојба е поврзано со дебелината или операцијата на желудникот на која тој беше подложен.

фото инстаграм/Слоба Васиќ

Слоба во неколку наврати има изјавено дека ваквата операција не била за него и дека желудникот се покажал многу поеластичен.

фото инстаграм/Слоба Васиќ

Во една прилика тој призна дека не само што страда од дебелина туку и дека веќе некое време се бори со депресија и анксиозност.

фото инстаграм/Слоба Васиќ

– Имам тежок период зад мене. Пиев апчиња за анксиозност и депресија, тоа беше борба. Лекарот ми препиша лек, всушност се започна од високиот крвен притисок, кој во мојот случај е наследен. Од друга страна, турбулентниот и немирен живот ми создаваше стрес, не размислував со себе, живеев со лекови и барав некаков спас и утеха во тоа, но всушност се буткав под тепих. Кога станува збор за анксиозност, се фаќаш за сламки, мислиш дека нешто полошо ќе ти се случи во моментот кога веќе се чувствуваш лошо. Тоа е тешка тема – изјавил Слоба и открил дека првпат наишол на напади на паника пред осум години, по што решил да се консултира со лекарите и да го земе животот во свои раце.

фото инстаграм/Слоба Васиќ

– Ми дадоа сeдaтиви и всушност така почнав. Тоа е пеколен процес, почнав со една таблета, па сакав уште една, продолжува до бескрај. Се бориш со тоа со години и фала му на Бога на крајот победив – изјави пејачот за магазинот Гранд кој денес се гордее со себе што не се откажал и во најтешките моменти.

фото принтскрин

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close