Кафе муабет

Синот на Вики Миљковиќ нападнат со нoж- прекинато снимањето на “Ѕвездите на Гранд”

Успеал да побегне...

Синот на пејачката Вики Миљковиќ, Андреј (15), вчера во попладневните часови бил нападнат од група од тројца мигранти.

фото инстаграм/Вики Миљковиќ

Оваа информација, како што открива пејачката, ја добила од сопругот Ташко додека била на снимањето на емисијата „Ѕвездите на Гранд“.

фото инстаграм/Вики Миљковиќ

– Не можев да верувам дека ќе се случи такво нешто. Ташко ми се јави и ми кажа што се случило, искрено бев шокирана – рекла Вики и потоа ја опишала целата случка.

фото инстаграм/Вики Миљковиќ

– Андреј се враќал од обука и го нападнала група од тројца мигранти. Му пришле и викале на англиски да им даде пари, а бидејќи тој не сакал да го направи тоа, едниот извадил нож и во тој момент Андреј почнал да трча во правец на Белград на вода. Само што влетал во зградата и им кажал на луѓето во собата што се случило, обезбедувањето излегло и ги избркало мигрантите – објаснува пејачката.

фото инстаграм/Вики Миљковиќ

– Среќа што Андреј е активен спортист и успеа да им побегне. Замислете вакво нешто да му се случи на некој кој не е физички подготвен – нагласи Миљковиќ.

фото инстаграм/Вики Миљковиќ

Живеат во луксуз

Домот на Вики Миљковиќ веќе неколку години се наоѓа во елитното маало Белград на вода.

фото инстаграм/Вики Миљковиќ

Oднадвор сите знаат како изгледа луксузната зграда, но неодамна пејачката реши да открие и како изгледа семејната оаза.

фото принтскрин

Таа сподели видео во кое покажува како изгледа семејното гнездо сместено во повеќекатницата, а можеме да видиме како изгледа една просечна вечер во домот на пејачката, нејзиниот сопруг Драган Ташковиќ Ташко и нивниот син Андреј Ташковиќ.

фото инстаграм/Вики Миљковиќ

Домот на Вики Миљковиќ и нејзиното семејство е толку голем што синот на познатата пејачка, кој веќе е познат по тоа што е активен во спортот, тренира и кога е дома. Андреј реши професионално да се посвети на тенисот,сепак во домот се релаксира со друг спорт. На видеото може да се забележи и победникот на „Ѕвездите на Гранд“ Нермин Ханџиќ, кој беше кај нив на гости, а чиј ментор беше токму Вики.

фото инстаграм/Вики Миљковиќ

Тоа е само обична вечер во семејството, бидејќи домот на Вики Миљковиќ е секогаш исполнет со песни и насмевки, а во оваа прилика пејачката откри дека се обидела да ги убеди мажите заедно да прошетаат до блискиот трговски центар, но музиката ги понесе.

фото инстаграм/Вики Миљковиќ

Видеото на кое се гледа домот на Вики Миљковиќ ни открива и како денес изгледа нејзиниот наследник Андреј кој има петнаесет години. Не сака особено да се експонира во јавноста и целосно е посветен на својата страст за спортот.

фото инстаграм/Вики Миљковиќ

Откако ја продала куќата на Бежанијска коса, пејачката се вселила во огромен стан во една од двете кули во овој комплекс.

фото инстаграм/Вики Миљковиќ

Покрај тоа, купила уште два стана, кои наводно ги издава. Во еден од становите на терасата има џакузи, а оние кои биле во становите велат дека се исклучително луксузно опремени, па се проценува дека инвестицијата не била помала од 1.500.000 евра!

фото инстаграм/Вики Миљковиќ

Споменатата зграда има и базен, а веруваме дека тоа не е единствената луксузна активност во која Вики може да ужива со семејството. Сепак, она што дефинитивно најмногу привлекува внимание е погледот од пространата тераса на целиот главен град, како и џакузито кое пејачката преку терасата со кран го внесе во станот.

фото инстаграм/Вики Миљковиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close