Кафе муабет
Се огласи Душан по веста дека Тања Савиќ е бремена- таа молчи а еве што кажа нејзиниот поранешен сопруг!
Тања и Драшко не се огласија по оваа вест...
Пред неколку дена во регионот одекна веста дека Тања Савиќ наводно е бремена од градоначалникот на Бања Лука, Драшко Станивуковиќ, а по тој повод за Курир проговори и сопругот на пејачката Душан Јованчевиќ.
Тања и Драшко не се огласија по веста дека чекаат бебе, а нејзиниот се уште легален сопруг беше изненаден од прашањето:
-Дали Тања потврди дека е бремена или ова се само медиумски шпекулации? – праша шокираниот Душан, а потоа додаде:
– Не сакам да коментирам ништо на таа тема додека таа прва не се огласи и не каже што се случува – заврши Јованчевиќ и побара разбирање.
Да потсетиме, со месеци во медиумите се шпекулираше за врската на Тања Савиќ и Драшко Станивуковиќ, а неодамна се појави и нивна заедничка фотографија на која се гледа како седат еден до друг во голема група.
– Боже, какво прашање! Дали имам право да ја зачувам мојата приватност и да не морам да давам детали за мојот приватен живот? Не морам да одам на полиграф или не знам што. Пишувајте тоа е ваша работа. Ако имате докази – ги почитувам. Ако немате – и тоа го почитувам – рече Тања во една прилика.
Инаку веста дека пејачката е бремена ја издаде тестот за бременост кој наводно го купила.
– Беше баш мирен ден, немав работа. Во еден момент влезе Тања и купила тест за бременост, но не мора да значи дека го купила за себе.
А што и да го купила за себе? Млада е убава е, живот е пред неа. Знам и дека сака ќеркичка, па ете, јас од срце и посакувам тестот да биде за неа и да биде позитивен, рекла аптекарката за српските медиуми.
Сепак Тања Савиќ по овие шпекулации се уште не се огласила во медиумите.
Многумина ја поддржваат врската меѓу Тања и Драшко, но бабата на градоначалникот не сака да слушне за пејачката, еве што кажа во една прилика.
-Не се во врска, а не ни сакам да бидат. Едноставно, таа не е за него. Таа има деца, има сė, вели Госпоава за блиц.рс и додава:
-Не е за него да жени жена која има две деца. Дај Боже нејзините деца да се добро, но таа нека биде подалеку од мојот внук.
Бабата на Драшко вели дека многу се вознемирила поради заканите од мажот на Тања, Душан.
-Нејзиниот сопруг изјави се и сешто. Не ја знам лично, ја познавам од порано како пејачка. Драшко баш сношти ми кажа: „Бабо, тоа е една голема глупост, немој да се грижиш, нема ништо од тоа. Тие мора да пишуваат“, вели бабата на политичарот и додава дали би сакал да се ожени нејзиниот внук.
-Уф, тоа ми огромна желба. Тој сега има девојка, но не сакам да зборувам за детали. Тоа нема врска со Тања Савиќ.
Треба да најде некоја помлада која ќе му роди деца. Неговиот возач ми вели дека има убава девојка. Тоа што пишуваат за Тања нека пишуваат“, вели баба Госпова.