Кафе муабет

Се е спремно за гала свадба: Михајло одвои повеќе од 70.000 евра- невестата ќе смени две венчаници за кои дале 20.000 евра!

Во недела ќе се венчаат...

Иако пред извесно време во медиумите излезе веста дека свадбата на Марина и Михајло Шаулиќ е откажана сепак изгледа нема ништо од тоа.

фото архива

Марина е во четвртиот месец од бременоста и до пред некое време беше со Михајло во Швајцарија.

фото инстаграм/Илда Шаулиќ

Планирале да се венчаат пред да дојде бебето на свет, а тоа ја направило Гоца најсреќна. Сите се понудија да им помогнат во подготовките за младенците да не се уморат и да не бидат под стрес, но Михајло и Марина неодамна решиле да откажат се и тоа им го кажале на своите семејства. Михајло беше тој што ја отвори темата, бидејќи корона вирусот повторно ја зафати нивната држава- изјави извор за Стар.

фото архива

Лекарите и рекле на Марина дека треба што повеќе да мирува и сфатиле дека моменталната ситуација не е идеална за да прават свадба.

фото инстаграм/Илда Шаулиќ

Се договориле да одложат се, и венчавката да се случи следната година, најверојатно во октомври кога ќе го крстат бебето. Гоца и понатаму е разочарана бидејќи била навистина среќна и се надевала дека ќе се исполни желбата на Шабан да го ожени Михајло – заклучил изворот.

Но по се изгледа дека ова се само шпекулации бидејќи како што сега открива српски Курир, синот на покојниот крал на народната музика Шабан Шаулиќ, Михајло во недела ќе го каже судбоносното „да“ на неговата бремена девојка Марина Велимировиќ, а прославата ќе биде организирана во еден од најелитните хотели во Белград.

фото инстаграм/Михајло Шаулиќ

Според ексклузивните информации на Курир, младенците за венчавката потрошиле повеќе од 70.000 евра. За свадбената веселба во хотелот искеширале дури 48.000 евра, додека за двете венчаници што ќе ги носи Марина издвоиле 20.000 евра.

фото инстаграм/Михајло Шаулиќ

– Марина и Михајло се многу возбудени и со нетрпение го очекуваат денот на свадбата. Сите подготовки беа завршени, се убаво организираа, па во последен момент немаше паника или брзање. Марина ќе носи две венчаници, едната е нарачана од странство и чека да пристигне, додека другата е дизајнирана од познатиот српски дизајнер Игор Тодоровиќ. На Михајло му скрои и одело. Знам дека само за венчаниците дадоа 20.000 евра, воопшто не штедеа, но се трудеа да си дозволат се што ќе посакаат за да им биде незаборавен денот на свадбата – започнал за Курир добро упатен извор близок до идните младенци кој откри и кој ќе ги забавува гостите на забавата:

ФОТО: Шабан Шаулиќ / Инстаграм

– Со оглед на тоа дека синот на Шабан Шаулиќ се жени, меѓу гостите ќе има многу музичари и сигурен сум дека ќе се фатат за микрофонот. Тие го ангажираа бендот Алиби, кој ќе биде задолжен да ги забавува. Шабан соработувал со нив. Не платија многу за музиката бидејќи ќе има бакшиш, па цената за целиот тим е само 1.500 евра – објасни тој.

ФОТО: Шабан Шаулиќ / Инстаграм

Инаку, идната сопруга на синот на Шабан е дипломиран педагог и работи како просветен работник.

фото инстаграм/Михајло Шаулиќ

Михајло, кој е генерален конзул на Србија во Цирих, за кум го избрал својот долгогодишен пријател кој не се занимава со јавна работа, додека кума на Марина ќе и биде најдобрата пријателка. На свадбата наводно ќе присуствуваат 400 гости. Го избрале најскапото мени во тој хотел, па цената по лице е 120 евра.

фото инстаграм/Илда Шаулиќ

– Тие се семејство со широки раце, па не ме чуди што го избраа најскапото мени за своите гости. Само трошоците за музика, простор и венчаници изнесуваат близу 70.000 евра – заклучува изворот за српскиот Курир.

фото инстаграм/Илда Шаулиќ

Да потсетиме,

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close