Дом и семејство

Свекрвата доби забрана од снаата да го гледа внучето: „Го однесе на плажа и син ми доби изгореници“

Ne верувала на кремите за заштита!

Кога бабата и детето се вратиле од плажа момчето се здоби со изгореници од сонце…

Односите помеѓу снаата  свекрвата често пати знаат да бидат влошени поради одредени ситуации кои ги предизвикала едната или другата разлика.

фото илустрација

Но сепак понекогаш се оди во крајност со донесување одредени одлуки, па така многу корисници на социјалните мрежи ја обвинија оваа мајка која ја сподели својата приказна и откри дека повеќе не и дозволува на свекрвата да го гледа внучето.

фото илустрација

Имено оваа мајка го сподели искуството што го имаше со нејзиниот двегодишен син и свекрвата. Според она што го објави таа и нејзината свекрва се договориле да го причува внучето и да го однесе на плажа.

Мајката му облекла маица и шорцеви на момчето за да не се изгори, и му нанесе крема за сончање пред да дојде баба по него.

фото илустрација

– Ставив крема за сончање во неговиот ранец и ја замолив свекрвата да го мачка од време на време. Сонцето беше доста силно тој ден, па дополнително и напоменав дека не треба да го соблекува – напишала оваа мајка.ж

Меѓутоа, кога бабата и детето се вратиле од плажа, жената останала во шок. Нејзиното дете се здоби со изгореници од сонце.

фото илустрација

– Ја прашав како е можно тоа и дали му нанесе крема – се сеќава мајката на момчето на оваа за неа голема траума.

Кога ја кренала  маичката на момчето, видела изгореници од сонце, па заклучи дека неговата баба сепак го соблекувала детето и дека и покрај нејзините молби, таа не му ставила крема.

фото илустрација

Не верувам во тие креми“, рече бабата на момчето.

Исплашена за животот на момчето, неговата мајка веднаш го однела во блиската болница. За среќа, детето брзо се опорави благодарение на кремите за санирање на изгореници што ги препиша лекарот.

Во оваа ситуација, жената не беше лута само на својата свекрва, туку и на нејзиниот сопруг, бидејќи тој сметаше дека сопругата отишла предалеку со одлуката дека бабата повеќе не може да го гледа својот внук без нивен надзор.

фото илустрација

– Мојот сопруг вели дека се однесувам премногу заштитнички. Но, мојата одлука е дефинитивна; неговата мајка нема да го види внукот ако мојот сопруг или јас не сме таму – потенцира  мајка.

Многу жени ја поддржаа во оваа одлука.

– Вие и верувавте, а таа покажа непочитување – беше коментарот на едната мајка, додека другата советуваше што да му каже на сопругот:

– Кажете му на вашиот сопруг да прочита за ризиците од изгореници. Вие и дадовте упатства што таа веќе треба да ги знае.

фото илустрација

Некои, пак, ја осудија, верувајќи дека нејзината одлука да забрани да и забрани на бабата да го гледа својот внук е малку претерана.

– Сигурно е дека бабата не сакаше да му наштети на својот внук, не донесувај толку големи одлуки – коментира една жена.

– Дали би донеле таква одлука ако вашата мајка  беше на местото на вашата свекрва? Јас би рекол дека одговорот е не, сигурно ќе најдеш изговори за тоа. Да бев на местото на твојот сопруг, добро ќе размислев дали ќе останам оженет со тебе – остро коментраше еден татко.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close