Дом и семејство
Сашка доби изненадување од свекорот и свекрвата: Покажа како Ѓоковиќ внимаваат на неа- се породи пред неколку дена а сега го добива ова!
Се очекува деновиве да пристигне во семејниот дом со синот...
Водителката Сашка Веселинов се породи пред неколку дена и го роди наследникот Александар, а сега семејството на нејзиниот сопруг и испратило слатко пакетче во болница за да може што побрзо да закрепне.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/08/сашка-7.png)
Сопругот на Сашка и брат на тенисерот Новак Ѓоковиќ, Ѓорѓе Ѓоковиќ, ја опсипува сопругата со внимание, а од ресторанот кој го води семејството на српскиот спортист пристигнала порција со разно овошје и зеленчук.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2023/03/дрфгт-575x1024.jpg)
Да потсетиме, Ѓорѓе Ѓоковиќ во саботата беше кај сопругата и синот. Многумина претпоставуваа дека дошол да ги однесе дома, но Ѓоковиќ останал извесно време кај нив, а потоа заминал во непознат правец.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/08/сашка-5.png)
Среќниот татко вчера започна и со подготовките за пречек на сопругата и синот Александар.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2023/03/gorge.png)
Имено Ѓорѓе Ѓоковиќ на својот Инстаграм профил сподели видео на кое може да се забележи цветен аранжман од сини орхидеи, бели рози и украси за добредојде на новородениот син Александар.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2023/03/gorge-k.png)
Името Александар во превод од грчки јазик значи „оној што ги штити луѓето“.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/08/сашка-1.png)
Да потсетиме, Ѓорѓе и Сашка се венчаа во средината на септември минатата година и имаа луксузни прослави на две локации во Белград и во Црна Гора на плажа.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/07/80608_saska-veselinov-djordje-djokovic-instagram-1_f.jpg)
Многу јавни личности како Саша Ковачевиќ, Милица Павловиќ, Марија Микиќ, Александра Пријовиќ беа присутни на забавата и запејаа во чест на младенците…
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2023/01/saska-p.png)
– Џоле ме прави среќна на секој можен начин и ништо не му е тешко да направи за мене. Навистина ми е целосно посветен и благодарна сум што имам таков партнер – изјави Сашка за „Ало“.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/08/сашка-3.png)
Имено, членовите на семејството веднаш откако ја добиле убавата вест се собрале во семејниот ресторан во Нов Белград. Гостите ги пречекуваа Новак и Јелена, како и нивниот среден брат Марко, таткото Срѓан и мајката Дијана.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/12/saska-14.png)
– Веќе почнавме да славиме, дома сме со пријателите и семејството. Ние сме семејство кое генерално сака големи прослави, особено кога се работи за вакви работи. Ова е најдоброто нешто што може да се случи и јас сум навистина среќна. Добивме ново внуче, нема ништо поубаво. Ви благодариме за честитките – изјави Дијана Ѓоковиќ.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/08/сашка-8.png)
По доаѓање на приновата се огласи и Срѓан, кој доби трето внуче.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/12/nole-brat-e1658927627754.png)
– Голема радост за сите нас, ви благодарам на сите за честитките. Прославата веќе започна – рече Срѓан.
Сопругата на Ѓорѓе Ѓоковиќ, инаку, за време на бременоста изјавила дека од првиот ден била сигурна дека носи момче.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/12/saska-10.png)
– Интуицијата не ме мами, тоа чувство го имав од моментот кога дознавме дека сум бремена – изјави тогаш Сашка за магазинот „Хелоу“ и додаде:
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/12/saska-8.png)
– Решив да се породам во Белград. Имавме различни можности и опции, но за среќа го најдов вистинскиот тим кој ќе ја менаџира мојата бременост. Најважно е се да оди како што треба, имам доверба во нашето здравство“, рече таа во таа прилика.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/07/saska-1.png)