Кафе муабет
Рада Манојловиќ ја откри причината за раскинувањето со Харис: За прв пат јавно проговори- сите мислеа дека тој ја оставил, но ЕВЕ ШТО Е ВИСТИНАТА
Инвестира во стан...
Извесен период во медиумите на големо се пишува за врската помеѓу Рада Манојловиќ и Харис Берковиќ.
Од самиот почеток на љубовната романса тие се еден од оние парови кои се меѓу најкоментираните теми во медиумите.
Нашироко се пишуваше за нивната голема љубов, подоцна раскинување и конечно помирување, а најмногу се шпекулираше што всушност ги предизвикало несогласувањата меѓу нив, што доведе до крај на хармонична врска на само еден чекор од брак?
На големо се шпекулираше дека Харис ја замени Рада со помлада девојка, која е на негова возраст, меѓутоа, како што пренесува „Свет“, вистината е сосема поинаква.
Музичката ѕвезда призна зошто не може да роди дете а посочи и дека Харис сакал да бидат заедно, да основаат семејство но таа не е подготвена за улога на мајка.
– Се обидов да им објаснам на Харис и на другите дека воопшто го немам тоа чувство за деца. Сите мислат дека е до нив, во смисла „не сакаш дете со мене“. Човек кој не може да реши вербален проблем со луѓето, мислам дека не е подготвен за дете и воспитување дете. Јас бегам од се, што бегам од одговорност – изјавила Рада за споменатиот медиум а открила и зошто земала лекови за смирување:
– Поради спиење. Не можев да заспијам затоа што бев во врска, а се заљубив во друг – рекла пејачката не сакајќи да признае кој е човекот во кој се заљубила, но не откри ниту кој е тој со кој била во врска.
– На добар пат сум да реализирам купување на стан и максимално ќе ја кријам неговата локација, заради мојот душевен мир. За почеток, ќе се кријам малку, многу е поинтересно така. И да, нема да купам стан во Белград, барем засега. Нема да обвинувам никого за тоа што сè уште не сум купила стан, бидејќи не сум била некоја што знае како со пари. Само за еден спот платив 20.000-30.000 евра, па можев одамна да купам стан наместо да снимам два-три спота. Ама добро, не се жалам, некогаш тие инвестиции се исплатеа, некогаш не. Најчесто не можеш да победиш ако не ризикуваш – искрена е Манојловиќ.