Нега и здравје

“Проклетникoт пуштил пипци и по лимфните јазли под пазувите”: Лила искрено за најтешката борба- светот ги памти само ПОБЕДНИЦИТЕ !

Успеа да ја победи опаката болест...

Лила Филиповска важи за една од омилените водителки и Тв лица кај нас.

фото инстаграм/Лила Филиповска

Една од најубавите и најнегувани жени во Македонија од која жените земаат пример, а мажите остануваат без здив.

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Каде и да се појави шармантната водителка Лила Филиповска ги мами воздишките на присутните и ги фрла во сенка сите присутни.

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Заслужено е прогласена за една од омилените телевизиски лица, но таа воедно е и една од најпознатите Македонки на социјалната мрежа Инстаграм каде има преку 200.000 фанови.

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Лила Филиповска неодамна се најде на насловната страница на најновиот број од списанието ,,Убавина и здравје’’.

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Во интервју за списанието, водителката отворено и емотивно говореше за борбата со канцерот, за лекцијата која ја научила и за вистинските луѓе кои останале околу неа.

фото Фејсбук/Лила Филиповска

-Се чувствувам одлично, победнички! Последниот пет-скен покажа дека канцерот се повлекол и дека сум здрава! Имам измешани чувства. На моменти се смеам гласно, па ќе ми надојдат солзи… Повеќе од една година бев во постојана неизвесност и сонував за овој момент кога докторите ќе ми кажат: „Лила, во оваа битка ти си победникот!“ За среќа, го дочекав тоа – изјави водителката за Убавина и здравје.

На прашањето зошто ја споделува својата приказна водителката вели дека многу жени се соочуваат со оваа болест денес и потребен им е ветар во грб.

Фото принтскрин/Фејсбук

Вчера на својот Фејсбук профил Лила сподели фотографија  направена кратко пред операцијата.

Таа со своите фанови сподели како се чувствувала и истакна дека сакала дамо што побрзо да помине агонијата низ која минувала, па со нетрпение чекала да заврши операцијата.

фото инстаграм/Лила Филиповска

-Кој би рекол дека животот ќе ми се дели на “пред” и “после” оваа слика! Слика направена половина час пред мојата петчасовна операција на канцер на дојка . Сосема спонтано направена од мојата другарка, a сега сосема случајно пронајдена во мојот албум со слики . И да… оваа насмевка е искрена и многу зборува . Зборува за тоа дека воопшто не се плашев и не траоризирав. Зборува за тоа дека едвај чекав да се случи и да го продолжам патот на излекување! Добро прочитавте: Не, патот на лекување туку на излекување. Зборува за мојата решеност да го издржам и ова патешествие не баре сум тргнала да снимам уште една од моите емисии! А денот студен, зимски ама сончев. Го сфатив тоа како добар знак. И беше !!! Без разлика на тоа што ноќта по операцијата бев во вистинска агонија, без разлика што проклетникoт пуштил пипци и по лимфните јазли под пазувите, и што имав закачено три дрена. Кога хирург како др Фатих Ајдован ќе ти каже дека ќе биде се во ред, едноставно знаеш дека треба да му веруваш. Имам уште многу да пишувам ама не се одеднаш. А пишувам само заради Вас кои ја биете истата битка. Првиот чекор до победата е верувањето дека ќе победите! Без него нема да стигнете до вториот. Никој не вика дека ќе биде лесно ама не заборавајте: светот ги памти само ПОБЕДНИЦИТЕ !!!, напиша Лила во описот на фотографијата.

фото Фејсбук/Лила Филиповска

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close