Кафе муабет

Прогледала откако отишла во црква и се помолила – Оваа мајка на три деца е доказ дека чуда се случуваат!

Дафне Гутиерез е жената која иако страдаше од целосно слепило, сепак прогледа откако го доби благословот на моштите на Св. Карбел Махлуф...

Дека чуда навистина се случуваат е доказ и оваа мајка на три деца.

Дафне Гутиерез е жената која иако страдаше од целосно слепило, сепак прогледа откако го доби благословот на моштите на Св. Карбел Махлуф.

Веста што ја сподели Дафне Гутиерез буквално ги изненади парохијаните на парохијата Св. Јосиф од маронитската католичка црква во Феникс, Аризона, но исто така ги инспирираше луѓето ширум светот да ја посетат црквата каде што се случи чудото.

Во 1999 година, кога имала само тринаесет години, Дафне која сега е 30-годишна мајка на три мали деца, добила здравствена состојба наречена Идиопатска интракранијална хипертензија. Една од последиците на оваа болест е трајно целосно слепило, кое ја зафати и неа.

Во нејзиниот случај, со текот на годините, лекарите експериментирале со разни нови лекови но за жал, никој не и помогнал да го врати видот.

Во 2014 година, состојбата започна драматично да се влошува и таа остана целосно слепа на левото око, а до ноември 2015 година го изгуби видот и на другото око. Од тогаш таа живеела во целосен мрак.

Во тој момент, за жал, лекарите не можеа да сторат ништо друго освен да прогласат целосно слепило на двете очи – трајно и медицински неповратно.

Како што сведочеше, најмногу ја повреди сознанието дека никогаш повеќе нема да ги види своите деца.

На 15 јануари Дефне на радио слушна дека моштите на блажениот Шарбел Маклуф пристигнуваат во блиската црква за време на викендот.

Во исто време, неа и се јавила и нејзината сестра и и соопштила дека видела постер за настанот и ја поканила да оди со неа и  нејзиниот сопруг.

Дефне сведочеше дека претходно одела на духовни обновувања и се молела за исцелување, но дека овој пат било поинаку. Кога влегов во црквата, се помолив на Бога, а потоа му реков на Свети Карбел: ‘Не знам кој си, но помогни ми. Направи го тоа за моите деца.

По светата миса пред нејзиното заминување, таа му ја раскажа својата состојба на отец Акики и тој и рече дека ќе се моли за неа.

Отец Акики вели:

‘Ја ставив раката на нејзината глава, а потоа на двете очи и го замолив Бога да ја излекува. Откако се помоли и благослови со свето масло, Дафне ја праша својата сестра: „Кој стоеше покрај мене, на мојата десна страна?“ Нејзината сестра не знаејќи одговори: „Немаше никој што стоеше покрај тебе освен отец Акика“.

Дефне и денес е убедена дека покрај неа имало некој друг.

Од моментот на молитвата почнав да се чувствувам поинаку. Не можам да објаснам, но моето тело беше поинакво “, сведочеше Дефне, која следниот ден повторно отиде во црква и повторно учествуваше во молитви.

Таа вечер околу 4 часот наутро таа се разбуди со чувство на „горење“ на очите. Таа тврди дека во моментот помислила дека и горат очите, и дека тоа е последица од операцијата, па го разбудила сопругот велејќи му: „Горам“.

Тој ги стави рацете над нејзините очи и сфати дека е топла. Тој исто така почувствува како нејзините очи вибрираат и почувствува мирис на горење месо. Наскоро, Дефне сфати дека почнува да ги гледа контурите на нејзиниот сопруг, нејасно, како сенки. Почна да плаче и да ги брише очите, гледајќи сè појасно од момент во момент.

„Не можев да верувам, не сакав повеќе да ги затворам очите“, рече таа по заздравувањето во едно интервју додека нејзините деца викаа: „Бог ја излекува мама. ‘

За 48 часа по благословувањето на моштите, нејзиниот вид беше целосно обновен. Чудесното и необјасниво закрепнување беше потврдено од офталмолог истиот ден, а подоцна и од многу други лекари кои ја интервјуираа и го набљудуваа нејзиниот случај.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close