Дом и семејство
Први фотографии од бременоста: Еве како изгледа Луна Џогани во петтиот месец- стомакот во прв план
Таа е пресреќна...
Пред неколку месеци Луна Џогани и нејзиниот сопруг Марко Миљковиќ ги израдуваа своите фанови со веста дека наскоро ќе станат родители по втор пат.
Нивната наследничка Миа најмногу се радува на бебето, а изгледот на Луна Џогани која е во петтиот месец од бременоста не престанува да се коментира.
Екипата на емисијата „Папарацо лов“ ја чекаше младата мајка пред зградата на Бежанијска коса каде живее со сопругот и ќерката. Таа во шарена тренерка излегла да го прошета кучето, а потоа во придружба на нејзиниот татко Гаги Џогани се упатила кон градинката на малата Миа.
Луна истрчала кон својата ќеркичка. Со малото девојче во раце, Џогани се упатила кон автомобилот од кој излегол гордиот дедо да ја поздрави својата внука. Оваа глетка трогна многумина, но изгледот на Луна Џогани во тој момент ги привлече сите погледи.
Имено, на Луна во еден момент малку и се подигнал горниот дел од тренерката, па нејзиниот труднички стомак бил во прв план. Многу обожаватели коментираат дека поранешната реалити ѕвезда блеска, а мајчинството и прилега убаво.
За потсетување, пред неколку недели во јавноста се појавија приказни дека бракот на Луна и Марко е на климави нозе. Шпекулациите дополнително ги подгреа и тоа што Миљковиќ не се појави на роденденот на сопругата. Загрижените фанови ги бомбардираа со прашања, а откако им објаснија дека Марко е болен и затоа не дошол на прославата, следеше веста дека Луна повторно е бремена.
Оваа вест израдува многумина со оглед на тоа што Луна минатата година го загуби бебето во дванаесеттата недела од бременоста.