Кафе муабет
Прва фотографија по апсењето на Урош Б. (21) што го изврши СТРАШНИОТ МАСАКР – родителите на убиените во шок
Првата фотографија од апсењето на убиецот, еден детаљ од неа на сите им падна во очи...
21-годишнто Урош Б уаесен е во селото Вињиште во близина на Крагуевац, осум часови по активната потера по него.
Тој е осомничен за масакрот во близина на Младеновац, во кој се убиени 8 луѓе, а 13 се ранети и се наоѓаат во болница.
Во терористичкиот напад што се случи во селата Мало Прашје и Дубона, општина Младеновац, убиени се осум луѓе.
Меѓу настраданите се и еден полицаец (20) и неговата помлада сестра (види тука).
Како што пренесуваат медиумите, осомничениот бил во школскиот двор со друштвото кога во еден момент се скарал со нив.
По расправијата отишол, дома и ја земал автоматската пушка.
Потоа се вратил до пријателите, пукал на нив додека тие правеле скара, а потоа седнал во мерцедесот и пукал во движење.
Тој не е осудуван, но како што пишуваат медиумите, бил пријавуван за насилство и важел за проблематично момче.
Наводно е син на воено лице.
Како што е потврдено за „Тањуг“, тој е уапсен во близина на Крагуевац.
Првата фотографија од апсењето на убиецот, еден детаљ од неа на сите им падна во очи – на неа пишува „Генерација 88 на турнеја“.
Како што се дознава, убиениот полицаец во моментот на убиството не бил на должност, а убиена е и неговата сестра.
Повредените се згрижени во болниците во Смедерево и Белград, а родителите на убиените се уште се во шок.
Во селата во кои што беше извршен злочинот сцените се морбидни. Цела вечер се слушал плачот на роднините на убиените.
Потсетуваме, Урош Б (21) во крвав пир во селата недалеку од Младеновац уби осум млади лица, а рани 13.
Полицијата цела вечер трагаше по него и денес, околу осум часот, го уапси недалеку од Крушевац.