Кафе муабет
ПРВАТА СРЕДБА НА ЦЕЦА И НОВИОТ ЗЕТ: Еве каде се запознаа, денес имаат посебен повод за славење!
Немања допатува во Белград...
Младата музичка ѕвезда Анастасија Ражнатовиќ денеска ќе го прослави својот 24 роденден, а по тој повод ќе приреди голема гламурозна прослава на која ќе присуствува и нејзиното момче, фудбалерот Немања Гудељ.
Тој вчера пристигна во Белград со сестра му Вања и братот Драги.
Имено, Вања на Инстаграм сподели фотографија од аеродром на која се гледа дека Немања со неа и нејзиниот брат пристигнал во Белград.
Многумина коментираа дека ги зел братот и сестра му како поддршка за да се запознае со најблиските на Анастасија.
Инаку, Анастасија неодамна започна врска со Немања, а за тоа време двапати отпатувала во неговиот дом во Шпанија, каде поголемиот дел од времето го поминувала со неговото семејство, но одела и на фудбалски натпревари за да го бодри од трибините.
– Се е супер во врската. Се ми оди добро. Од мене, мојата енергија, се гледа дека сум среќна, задоволна и заљубена“– изјави неодамна Анастасија за „Блиц“.
Не само што е харизматичен и успешен спортист, туку Немања Гудељ е вистински фраер.
Неговата фотографија од теренот неодамна го обиколи светот и воодушеви многу дами.
Извајано тело, беспрекорно граден, Немања е сон на многу дами, а Анастасија е навистина среќна, бидејќи токму таа го освои најпопуларниот спортист на овие простори во моментов.
Фудбалерот Немања Гудељ по три месеци врска со Анастасија Ражнатовиќ конечно ја запозна својата идна баба, Светлана Цеца Ражнатовиќ.
View this post on Instagram
Имено, средбата на бабата и зетот се случила во нејзината вила на Дедиње, а познатиот спортист дошол во друштво на својата мајка, сестра и брат. Тие заедно снимија видео во кое на Анастасија и го честитаат 24-от роденден, а коментарите на Инстаграм не престануваа.
– Среќен роденден Ташо! На здравје! – рекоа насмеани на видеото.
Анастасија вечерва во ресторан во Белград ќе го прослави својот 24-ти роденден, а на забавата биле поканети нејзините колеги, семејството, пријателите, како и нејзиното момче Немања Гудељ кој специјално за оваа прилика дошол од Шпанија.
За големата прослава пејачката дала голема сума на пари, околу десет илјади евра, дознава Курир.
На масата ќе има се, почнувајќи од разни видови месо, тестенини, салати, пити, како и слатка трпеза со колачи и освежителни десерти. Само за ова дала околу две илјади евра. Нешто повеќе, околу три илјади евра, ќе ја чинат пијачките. Ќе се служат сокови, цедено овошје, разни алкохолни пијалоци, коктели, но и скапи вина и шампањи.
Тортата ќе биде на повеќе нивоа и чини приближно 300 евра, а има и музичари, односно бенд што ќе пее, за што платила приближно две илјади, па изнајмување шанк, украси, огномет… Се обидела да ги изненади гостите, па секој од нив ќе добие симболичен подарок.