Новости

ПОРАКА НА МЕДИЦИНСКО ЛИЦЕ КОЈА ГО ПОТРЕСЕ СВЕТОТ: Ова не е збогум, ќе се вратам!- за жал ја загуби битката со Ковид-19!

Емотивната порака на младиот Серхио, го расплака светот

Потресна исповед која буквално се рашири на социјалните мрежи доаѓа од Мексико.

 

 

Имено станува збор за видео снимено од 28 годишниот медицински техничар Серхио Хумберто Падила Хернандез кој неколку часа пред да поcине од коронавирус објавил трогателно видео.

 

 

Хернандез работел како член на тим од четири лица во општа болница во Чивава и откако бил хоспитализиран поради вирусот Ковид-19 , решил да сними порака за неговите најблиски, пред да биде ставен на апарати за дишење на 5 ноември, пишува „Дејли меил“.

Во пораката тој порачува дека ќе се врати за неколку дена, и дека ќе успее да го победи вирусот, но за жал заврши трагично.

Серхио поч ина на 6 ноември, неколку месеци откако неговата сестра Долорес исто така по*ина од Ковид-19.

 

– Сакам, без оглед што и да се случи, и судбината што Бог ќе ми ја одреди, секогаш да ме паметите по тоа што бев.  Ќе се вратам за брзо, ова не е збогум.Сигурен сум дека ќе се вратам за неколку дена. Ќе се видиме повторно, ве сакам – вели момчето на видеото.

Серхио оваа порака ја испратил до своите сакани, а најмногу до неговиот син Серхио III, кој има само 5 години.

 

 

Според локалниот весник „Миленио“, видеото е снимено на 5 ноември, ден пред да поч ине од Ковид-19.

 

Foto: Profimedia

 

Инаку од почетокот на пандемијата на вирусот корона, па до сега во Мексико има речиси еден милион (972.785) лица заразени а дури 95.225 поcinале како резултат на инфекцијата.

 

 

Меѓу најтешко погодените области е Чивава, каде што, според локалните медиуми, болниците се толку полни што не прифаќаат пациенти со други заболувања.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close