Новости

Намерно не се јавува кога пејачите ја бараат?- Туцаковиќ предизвика бурни реакции со изјавата дека нема пари за лекови!

Марина Туцаковиќ веќе некое време се бори со опаката болест

Марина Туцаковиќ важи за една од најпознатите автори на регионалната музичка сцена, која ги има напишано најголемите хитови.

 

Фото: Инстаграм/ Марина Туцаковиќ

 

Во една прилика авторката посочи дека во моментот се соочува со финансиски проблеми поради долгорочно лекување, за што се потребни многу пари за прескапа хем отерапија и лекови од странство.

 

 

Таа рече дека освен борбата со кобната бо лест, и борбата со коронавирусот и донела многу проблеми. Имено таа рече дека моментално не ги посетува терапиите во странство, а поради вирусот Ковид-19 повеќето од времето го поминува дома  како ризична група.

 

 

– Моето здравје варира и не е идеално, но е 100 пати подобро отколку на почетокот. Што се однесува до финансиите, освен пензија, немам дополнителни приходи. Мојата најголема грижа е тоа што терапиијата и лековите чинат многу. Иако ситуацијата е таква каква што е и не треба да ја напуштам куќата, сепак  морам да одам во болници на терапија. Што се однесува до работата, слободно можам да кажам дека не работам ништо. Никој од пејачите не ми се јавува, буквално никој. Никој не брка текстови затоа што никој не снима ништо сега во момент кога секаде има криза и кога нема каде да ги промовираат и пласираат тие песни. Како започна, кој знае колку долго ќе трае ова.

 

 

По оваа нејзина изјава, се огласи и пејачката Мина Костиќ, која пак го тврди спротивното.

Таа истакна дека всушност авторката Марна Туцаковиќ не одговара на повиците, а тоа го знае од лично искуство бидејќи ја контактирала но не успеала да ја добие, па поради тоа ангажирала други соработници.

 

 

Фолкерката ова го изјави во гостувањето во емисијата „Гранд магазин“, каде ја промовираше најновата песна „Разведена“, што за неа ја направи Хасан Дудиќ.

Мина откри дека прво ја контактирала Марина, но за жал не можела да ја добие:

 

 

– Не ни планирав да одам на фестивал, но се случи изненадно, кога бев на прославата на Здружението на поп-уметници, ме убедија дека треба да се пријавам. Мислев дека доцнам, затоа што ја повикав Марина Туцаковиќ, која не ми одговори. Сакав Марина да напише песна за мене , но не можев да ја добијам никако. После тоа, му се јавив на Хасан и тој ми направи песна. – рече таа во емисијата Мина.

 

 

Но оваа пејачка не била единствена која ја побарала Марина, која тврдеше дека наводно пејачите не ја бараат. Извор близок на Марина истакнал дека во моментов и треба одмор и инспирација.

– Не е само Мина таа која не успеа да дојде до Марина. Многумина и се јавија и таа не им одговори. Едноставно, жената не е на ниво на работа. Без инспирација, нема волја за пишување. Ситуацијата со короната додатно ја вознемири. Се чувствува лошо, знае дека парите многу и значат сега поради болеста и целата ситуација, но нема да се напрега и да се нервира, не може да поднесе некој да и дава рокови, затоа што не може да ги исполни. Можете да видите дека ниту за нејзините најголеми ѕвезди, Цеца Ражнатовиќ и Јелена Карлеуша долго време нема напишано ништо. Нека ја остават жената на мир,  сега и треба повеќе од кога било енергија – рече изворот.

 

14, June, 2017, Belgrade – Birthday celebration Serbian singer Svetlana Ceca Raznatovic. Marina Tucakovic. Photo: Antonio Ahel/ATAImages
14, jun, 2017, Beograd – Proslava rodjendana srpske pevacice Svetlane Cece Raznatovic. Foto: Antonio Ahel/ATAImages

Инаку Туцаковиќ призна дека навистина и е тешко во моментов, бидејќи терапијата е многу скапа, но дека со приходот што моментално го остварува од авторските права, некако успева да излезе на површина.

 

 

– Поради Короната ја прекинав терапијата во странство, се лекувам на одделот за он кологија во Белград. Сега сум на биолошка и хорм онска терапија. Пијам апч иња и добивам ин екција еднаш месечно… Не е наивна терапија, влијае на крвната слика, но не и на духот, тоа е најважно – заклучи Марина.

Неодамна авторката откри дека болеста е во фаза на стагнација. Со нејзината објава таа ги изненади сите а многумина беа тажни кога ја прочитаа ваквата нејзина порака.

Туцаковиќ беше многу кратка и јасна.

„Да сум само лошо, би била подобро отколку сега“, напиша таа, што предизвика бура од коментари и зборови за поддршка.

 

 

Кога откри дека е бoлна, Марина сама се обрати до јавноста со емотивна порака.

„Верувајте, страшни е кога се случува на другите, но кога ќе ви се случи вам, некако го прифаќате и оставате нагонот за живот да ве тера напред. Можам да кажам дека, ако има било што добро во ова тоа е дека повторно ја вратив верата во човечката добрина и благонаклоност, а тоа никогаш не може да биде премногу“ напиша таа тогаш на социјалните мрежи.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close