Кафе муабет
Познатиот фолкер не можеше да ги сокрие солзите: Слоба Радановиќ стана татко- еве кое име му го дадоа на наследникот
Двајцата се пресреќни за приновата...
Јелена Радановиќ, сопругата на познатиот фолк пејач, Слоба Радановиќ, синоќа била примена во приватно породилиште во Белград, а денес таа на свет го донела синот на кој му го дадоа името Дамјан.
Додека долго го чекаа овој важен датум, пејачот не можеше да ги сокрие солзите радосници.
И Јелена пред само неколку часа објави дека во родилиштето и прави друштво постариот син, кој во знак на внимание и донел плишано мече.
Радановиќ веќе бил во породилиштето во посета на сопругата и синот па проговори и призна дека го преплавиле емоции кога за прв пат го видел наследникот.
Слоба, кој по посетата на Јелена го напушти породилиштето со кумот Горан Лечиќ, изјави дека и мајката и бебето се добро:
– Го видов на слики. За малку ќе заплачев, можеби плачев. Прекрасно чувство. Сакам сите да го доживеат ова. Се е во ред, фала богу. Сега одиме да организираме прослава – возбудено рече Слоба.
– Да, Јелена се породи пред околу 50 минути, бебето и таа се добро. Дамјан се роди и доби 10. Сите сме пресреќни, особено Слоба. Вечерва секако ќе славиме – изјави кумот Лечиќ за Информер.
По породувањето се огласи и мајката на Јелена која откри дека бебето личи на таткото.
– Видов фотографија од бебето. Тоа е исто како татко му. Највисоката оцена ја доби од докторот – десет од десет. Има 3.290 грама. Мама се чувствува одлично, се помина добро. Се породи со царски рез. Таа била будна, свесна и веднаш го видела бебето. Таа е насмеана и среќна што повторно стана мајка. И Слоба, требаше да присуствува на породувањето, но бидејќи му најдоа бактерија во носот, се откажа за секој случај- вели мајката на Јелена.
Да потсетиме, и за Јелена и за Слоба ова е втор брак.
Првиот сопруг на Јелена, со кој има две деца, е бизнисменот Игор Марковиќ, кој живее и работи во странство и, како што изјави претходно за медиумите, од самиот почеток ја поддржува романсата меѓу поранешната сопруга и Радановиќ бидејќи најважно за него е дека мајката на неговите деца е среќна и исполнета.