Кафе муабет

Познатиот пејач ќе ја проба среќата по втор пат: Кнез ќе застане на “лудиот камен”- планира спектакуларно венчање во Париз!

Девет години ужива во љубовта со Татјана...

Познатиот пејач Ненад Кнежевиќ Кнез со години ужива во љубовта со својата партнерка Татјана Тат, а сега тие ги открија своите планови за венчавка.

– На 5 мај, ќе поминат девет години откако сме заедно, времето поминува со метеорска брзина. Сè уште ни е прекрасно, уживаме секој ден заедно, среќни сме и заљубени – изјави Кнез.


– Нашата врска секако напредува, а потписот само ќе го официјализира тој напредок, што е секундарно прашање за нас. Свадбата ќе се одржи, и ние би сакале да бидеме оригинални во организацијата на таа церемонија и таа да биде нешто што ќе го паметиме. Не го гледаме самиот чин како нешто што мора да се стори, но навистина сакаме да му се посветиме – рече пејачот.

– Наш приоритет е да се венчаме во Париз, каде што би правеле граѓанска венчавка, но пандемијата не вознемири малку. Исто така, многу медиуми нè осудија и ја толкуваа таа намера како арогантна. Ние сакаме да организираме венчавка за нас и за нашите пријатели, а фактот дека сакаме нашите гости да уживаат во тоа како што треба, е наша работа. Ние сме возрасни и знаеме како да ги пречекаме и да се видиме со нашите гости – изјави избраничката на Кнез.


За потсетување, пејачот Ненад Кнежевиќ Кнез во 2013 година стави точка на бракот со првата сопруга Нина кој траеше 17 години, а како што тогаш откри, причина е долгогодишното несогласување на карактери.

– Сакам однапред да спречам било какви нагаѓања и прозволни толкувања. Морам, исто така да изразам жалење, да кажам дека разводот беше последица на долгогодишно несогласување на карактерите, како и ништо што симболично можам да го преточам во синтагмата – ние двајцата почнавме за истите работи за мислиме непоправливо поинаки, односно различноста на нашите концепти и променетиот систем на вредности, станаа кочница и реметирачки фактор во нашето идно заедничко живеење, раскажа тој своевремено.

Меѓутоа, по распадот на бракот пронајде „нова љубов“. Се запознале пред повеќе од 25 години на еден настап на Кнез во Париз, во кој Татјана, родум од Параќин, живеела и работела дури 35 години. Тогаш немало поволни околности за да започе нивната романса, па секој продолжил по својот пат.
Судбината одреди тие двајца да не се видат наредните 20 години, двајцата продолжиле со својот живот и добиле по 2 ќерки. Меѓутоа, пред неколку години, во мај, бил момент конечно тие двајца да ја спознаат заедничката среќа.

– Се видовме во Параќин, му пријдов на Ненад и го прашав дали се сеќава на мене. Му реков дека се запознавме во Париз пред 20 години и дека му открив дека таму ме викаат Тина, а тој ми одговори дека токму прави песна која се вика „Тина бамбина“. Бев малку замислен, но одговори дека се сеќава на тој момент“, рече Татјана, а Кнез потврдува дека навистина било така.

После тоа почнала нивната романса, а и денеска уживаат во хармонична врска.

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close