Бременост

Познатата пејачка го откри полот на бебето: Пред три месеци добија ќерка а еве што чекаат сега- Марија пресреќна, скока од радост

Ќе добијат син...

Пејачката Марија Микиќ и нејзиниот партнер Јован Пантиќ неодамна открија дека нивното семејство ќе стане поголемо за уште еден член.

фото инстаграм/Марија Микиќ

По нивната ќерка Ѓурѓа која се роди пред четири месеци, парот дозна дека ќе добие уште едно дете, а сега на следбениците им го открија и полот на бебето.

фото инстаграм/Марија Микиќ

Имено, синот на Јован од претходниот брак го дупнал големиот црн балон од кој излетале сини балони, што значи дека малата Ѓурѓа ќе добие братче, а гордите мама и тато син.

фото инстаграм/Марија Микиќ

– Ти си наш дар од Бога. Едвај чекаме да те запознаеме! Мојот господар! Те сакаме повеќе од се на светот! За сѐ што доаѓа – напиша Микиќ во описот на видеото на Инстаграм, додека се редеа коментари со честитки за парот.

фото инстаграм/Марија Микиќ

Инаку Марија стана мајка во јули годинава, а веќе е во третиот месец од втората бременост.

фото инстаграм/Марија Микиќ

– Ѓурѓа сега има четири месеци, а јас сум бремена во трет месец, чудо сме на медицината. Не бев подготвена, не ми ни падна на памет, додека не почнав да ја разгледувам ситуацијата и да разговарам со луѓето околу мене. Нема да бидам обична мајка која си ја размазува ќерката единица па после неколку години ќе има уште едно дете. За нас тоа не е нормално, но Господ ви го дава само она што можете да го поднесете, било да е убаво или лошо – изјави Микиќ за порталот Blic.rs.

фото инстаграм/Марија Микиќ

Марија која сама себе се нарече “медицинско чудо”, призна дека ова било изненадување за неа и за нејзиниот избраник Јован, но дека од друга страна, нема поголема среќа.

фото инстаграм/Марија Микиќ

„Толку се мачевме да ја добиеме Ѓурѓа, колку лекови пиев, имаше и лоши работи, подеми и падови, што навистина не очекував дека така лесно ќе забременам по втор пат.

фото инстаграм/Марија Микиќ

Веројатно тој горе виде колку добро се снаоѓаме па си рече -дај им уште едно. Ама Господ на сите им дава колку што можат да издржат. Знам дека можеме. Не сум нервозна, но многу сум реална и знам дека ќе биде многу тешко со две бебиња, но ние сме подготвени за тоа бидејќи нема поголема среќа“, изјави таа за „Пинк.рс“.

фото инстаграм/Марија Микиќ

И додека среќните родители уживаат во овој подарок на судбината, фановите не се баш воодушевени од оваа вест.

фото инстаграм/Марија Микиќ

Имено, Марија се соочи со многу негативни коментари на социјалните мрежи. Многумина тврдат дека пејачката брзала и дека не е „нормално“ ниту здраво да забремени толку брзо по породувањето.

фото инстаграм/Марија Микиќ

„Дали телото не треба да се одмори, да се регенерира малку? Ќе се распадне до 40-та година“, „Забременила со второто дете додека била бремена со првото“, „Мила, не е добро за твоето здравје“, се само дел од коментарите кои Марија ги добива секојдневно.

фото инстаграм/Марија Микиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close