Кафе муабет
Погледнете каков фраер фати ќерката на Здравко Чолиќ- што ли ќе каже нејзиниот татко за новиот зет?
Здравко не сака да ја открива приватноста...
Дека постарата ќерка на Здравко Чолиќ сака да биде во центарот на вниманието на јавноста може да се заклучи од фотографиите и видеата кои ги споделува со своите следбеници на „Инстаграм“.
Уна, за разлика од повеќето нејзини врсници, е многу поактивна на социјалните мрежи, има околу 40 илјади следбеници, а за таа бројка да расте, таа е должна да објавува што е можно повеќе различни содржини секој ден.
Многу често на овој начин таа открива повеќе од она што би сакал нејзиниот татко, што е последица на модерното време, на 21 век со кое лично Чола се уште не се помирил.
За разлика од неговата постара наследничка, пејачот дури и избегнува интервјуа. Здравко нема ниту една негова фотографија со ќерките во семејно опкружување, а камоли со сопругата. Тој отсекогаш избегнувал таков вид споделување информации со јавноста и успевал да ја сокрие својата интимност речиси пет децении. Благодарение на неговите ќерки, и постарата и помладата Лара, тоа во голема мера се промени.
Постарата ќерка на Здравко Чолиќ очигледно не го поддржува ставот на нејзиниот татко и затоа со следбениците споделува и што треба и што не треба. Имено пред неколку дена во медумите се појави фотографија од Уна која позира со згоден маж а на фотографијата ставила и срце.
Сите веднаш заклучија дека тоа е новиот зет на Чола и момчето на Уна, што беше основа за коментари и прашања дали музичарот го запознал избраникот на неговата ќерка, што мисли за него и дали ја поддржува нивната врска.
Претходно Уна ја поврзуваа и со синот на Драгана Мирковиќ, но потоа тие демантираа и открија дека се многу добри пријатели.