Новости

Денеска започнуваат Велигденските пости- најстрогиот и најдолгиот пост, ова се правила кои мора да ги почитувате

Денот по Прочка е Чист понеделник кога почнува големиот велигденски пост...

Денеска започнуваат строгите велигденски пости односно светата Четириесетница која е востановена во чест на спасителните страдања и Воскресението на Господ Исус Христос.

фото илустрација

Според правилата на Православната Црква се пости вака: за цело време на постот во сабота и недела е дозволена употреба на масло. Во останатите денови од седмицата (од понеделник до петок) не се употребува масло. Риба се јаде само на Благовештение и Цветници.

фото илустрација

Ако Благовештение падне пред Врбица (Цветници), тогаш на денот после Благовештение се разрешува масло и вино.

фото илустрација

Денот по Прочка е Чист понеделник кога почнува големиот велигденски пост. Велигденскиот пост опфаќа 7 недели, односно 7 седмици. Трае 48 дена, од Прочка до Велигден.

фото илустрација

Правилниот пост е заснован на покајание, смирение, телесниот подвиг а пред се молитва.

фото илустрација

Првите три дена од постот монасите и христијаните кои решиле да постат држат тримир. Тоа е тридневен пост во целосно воздржување од јадење и пиење.

Овој пост трае четириесет дена како што постел Господ Исус Христос, и уште една недела како тажна недела од влегувањето на Исус во Ерусалим до неговото воскреснување. Ова е најдолг пост – според должината на постењето. Најголем пост – според важноста, во однос на другите повеќедневни пости.Најстрог пост – меѓу останатите постења – најстрог според исхраната и воздржувањето, а и според богослужбите.

Во Велигденскиот пост не се прават свадби, ниту се дозволува венчавање.

Извор Бигорски, Покајаније.мк, МИА.мк

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close