Кафе муабет

Огњен Амиџиќ и посвети песна на поранешната сопруга: Овие стихови ќе ја болат засекогаш!

Тој има нова љубов...

Во медиумите веќе една недела се пишува за новата љубов на водителот Огњен Амиџиќ.

фото инстаграм/Мина Наумовиќ

Имено неодамна се дозна дека тој е во врска со 20 години помладата колешка Мина Наумовиќ, па секојдневно се појавуваат нови информации за нив.

Фото Фејсбук/ Огњен Амиџиќ

Секако меидумите постојано ја споменуваат и неодамнешната сопруга на Огњен, Данијела Димитровска со која се разведе минатата година.

Амиџиќ беше во брак со неа со години. Тоа беше голема љубов за која и двајцата зборуваа во еден момент. Додека беше со Даниела, Огњен напиша песна што ја именува по неа, а текстот и музиката ги напиша заедно со неговиот покоен пријател Маринко Маџгаље.

фото принтскрин

Огњен до овој момент се уште не се огласил за разводот со Данијела додека пак таа си ја отвори душата и кажа како се чувствувала после разделбата.

Фото Фејсбук/Данијела Димитровска

Даниела низ солзи зборуваше за непознатите детали од нејзиниот развод, откривајќи дека се започнало со љубов и дека кога одлучила дека повеќе не сака да биде дел од брачната заедница, почувствувала дека мора повторно да научи да оди.

Фото Фејсбук/Данијела Димитровска

Да потсетиме, Огњен Амиџиќ и Данијела Димитровска беа еден од најскладните парови на домашната сцена, тие се разделија по десет години брак.

Фото Фејсбук/Данијела Димитровска

Одлуката ја донеле заедно, а на јавноста и соопштија дека ќе продолжат да бидат во пријателски односи за доброто на нивниот син.

Фото: Инстаграм/ Данијела Димитровска

– Никогаш не ми беше целта да се омажам туку така, но кога се случи љубовта, сакав да создадам бајка за себе. Кога сте дел од бракот на некој начин делите сè на половина, но потоа кога ќе одлучите дека не сакате повеќе да бидете дел од него, тогаш се чувствувате како да треба повторно да научите да одите. Но морам да напоменам дека имаше многу кризи – рече.

Фото: Инстаграм/ Данијела Димитровска

– Разводот е една од најболните работи што може да им се случи на луѓето. Во најтесниот круг на моите пријатели, кога се шегувам, велам дека тоа е см.рт без ум.ирање. Навистина боли, кога ќе умреш тоа е крајот, а ова боли. Се додека не го снема, боли, и никогаш не знаеш кога ќе престане, нема потпишана хартија за тоа. Се е до правото на избор и фала му на Бога затоа што ние имаме право да избереме со кого да се омажиме, разведеме итн.

Фото: Инстаграм/ Данијела Димитровска

– Тоа е одлука која се подготвува долго време. Потекнувам од патријархално семејство, моите родители се заедно 37 години. Ми требаше долго време да донесам одлука за развод, но кога го направив тоа, бев сигурна. Јас и мојот поранешен партнер сме во добри односи поради детето. Се разбира, не е пријатно кога секој има право да го коментира тоа, но сама го дозволив тоа затоа што се занимавам со јавна работа, истакна Данијела.

Фото Фејсбук/Данијела Димитровска

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close