MAMAНега и здравје
Овие фотографии се доказ дека маските навистина ве штитат од ковид вирусот
Еден научник ја илустрираше ефикасноста на маската во борбата против Ковид-19.
Еден научник ја илустрираше ефикасноста на маската во борбата против Ковид-19.
Покрај бројните предупредувања, и мерка која мора де се почитува (носење маски во затворен простор), сепак има и такви кои затоа се многу скептични и не сакаат да ги прифаќаат советите и тврдењата на професијата. Еден научник ја илустрираше ефикасноста на маската во борбата против Ковид-19.
Имено, д-р Рич Дејвис ги покажа резултатите од двата експеримента на Твитер, кои добро покажуваат како маската ги блокира капките од уста и грло кога киваме, пееме, зборуваме, кашламе.
Првата фотографија и првиот тест покажуваат колку маската ја намалува можноста за зараза. Вториот тест покажува колку е важно одржувањето на оддалеченост од 2 метри.
– Свесен сум дека овој пример не го покажува ширењето на вирусот, но колониите на нормални бактерии од устата и грлото ми покажуваат колку се шират големи респираторни капки, како оние што се верува дека главно се шират ковид 19 и како маската ги блокира – рече Рич Дејвис, чиј експеримент привлече големо внимание токму затоа што тоа едноставно укажува на важноста на носење заштитна маска во тековната состојба.