Кафе муабет
Ова е поранешниот сопруг на Данијела Мартиновиќ со кој се венчаше тајно- сосема спротивен од Грашо
Овој музичар е поранешнот сопруг на Данијела...
Поранешниот сопруг на Данијела Мариновиќ, со кој пејачката се омажи пред врската со Петар Грашо, е контроверзниот хрватски музичар Марко Прековиќ Томпсон.
Уметникот и пејачката уште во 1995 година се венчаа во „Црквата Свети Доминик“ во Сплит, а три години подоцна се разведоа. Сепак, како што рече Даниела, биле потребни уште три години за официјално да се поништи црковниот брак.
– Самото рочиште личеше на обична бракоразводна парница, со таа разлика што не се одржа во судница, туку во црква – изјави подоцна Данијела, и додаде:
– Јас и Марко дојдовме со сведоци кои сведочеа во корист, односно на штета на мене како жена. Се испостави дека не сум била тепана од сопругот, дека не е точно дека свесно не сакав деца и дека немам некоја тешка болест што ја криев кога се омажив. Врз основа на сето тоа, тие заклучија дека нема причина да ни го поништат бракот, оставајќи ни право на жалба.
Исто така, во едно од последните интервјуа пејачката откри дека овој младешки брак е само уште едно дополнително искуство во нејзиниот живот, кое ја обликувало како жена.
– Мислам дека се во нашиот живот доаѓа и се случува затоа што некои работи треба да ги поминеме. Сега сум позрела, дефинитивно похрабра и сепак свесна дека се требаше да биде така како што беше. И двајцата го извлековме најдоброто од тоа и продолживме со нашите животи. А да ме прашате дали би променила нешто, не би, бидејќи секое искуство носи знаење – изјавила Данијела Мартиновиќ за бракот со Томпсон, пренесува Hello.
Данијела најмногу молчеше за бракот со Марко, а уште повеќе за разводот со него, бидејќи јавноста во Хрватска се сврте против неа.
Иако таа се разведе три години по венчавката, црковниот развод траеше многу подолго. Дури во 2006 година Католичката црква дала согласност за поништување на бракот, а во меѓувреме Марко – како самопрогласен голем верник, не можел да се венча во црква. Дополнително, медиумите објавија дека Тончи Хуљиќ барал од Данијела да го премолчи Марко, за неговиот проусташки углед да не ја загрози работата на групата „Магазин“ во која таа пеела.
Таа, пак, веќе започнала врска со Грашо уште пред официјалното завршување на црковниот брак. Тие биле пријатели и порано, а кога се дознало дека се заљубени, таа рекла: “Не е тајна дека го сакам Петар Грашо. Со целото битие стојам зад таа љубов. Мислам дека тоа е најважното”.
Даниела тогаш изјави дека „за се друго ќе има време“, но се покажа дека времето не може вечно да биде сојузник на оваа љубов.
За потсетување, Грашо се ожени со Хана Хулиќ, со која го чека првото дете…