Кафе муабет

Ова е мајката на храброста: Јелена го даде својот живот за нејзиното дете- денес тој има осум години и еве што мисли за својата мајка!

Животот на Јелена згасна во 2012 година во клиничкиот центар во Бања Лука...

Јелена Трикиќ од Дрвар e мајката која го даде животот за своето дете.

принтскрин

Имено таа поч-ина само неколку дена по раѓањето на нејзиниот син на кој му го даде името Никола, кој денес има 8 години и живее со неговиот татко Горан, кој по три години од смрт0та на Јелена се преженил, па сега Никола има и сестра.

Јелена поч-ина во 2012 година во клиничкиот центар во Бања Лука. Таа одбила третман со силни цитостатици за тумор на мозок со цел да стане мајка. Толку болна, роди здраво бебе – син Никола. Јелена почина 40 дена по породувањето а јавноста ја памти под името: Мајка на храброста.

Фондацијата „За живот“ од Бања Лука неодамна покрена иницијатива за поставување биста пред Клиничкиот центар, што ќе потсетува на храброста на Јелена Трикиќ.

– Се запознавме на чуден начин, преку телефон – се присетува Горан Дуновиќ, сопругот на Јелена.

– Се сеќавам дека беше Ѓурѓовден кога дојдоа кај нас. Јелена тогаш соопшти дека е бремена, дека ќе станам баба. Бев среќна – со воздишка вели мајката на Јелена, Милкица.

– Во моментот кога остана бремена, беше целосно здрава. Мислев дека ќе бидеме среќни – се сеќава нејзината мајка. Јелена беше во шестиот месец од бременоста кога и започнаа здравствените проблеми.

– Видов дека нешто не е во ред. Таа само спиеше.

Со грутка во грлото, Горан зборува за првите симптоми на болеста:

– Тие ни кажаа што се случи и рекоа дека апсолутно нема надеж.

Во тие тешки денови, Јелена ја тешеше својата мајка велејќи и: Мајко не плачи, сè ќе биде добро.

– И беше предложена зрачна терапија за да ја спасат, но таа мораше да се „ослободи“ од бебето. Но, таа лежеше во кревет велејќи, не, не не го прифаќам тоа. Лекарите и рекоа, Јелена, нема да издржиш. Потребни се најмалку три недели за да созрее бебето за да го родиш, но таа рече дека ќе издржи. Лекарите се прашуваа како воопшто е свесна. Според нив, таа требало да биде во кома. Но, таа одеше, пиеше кафе со медицинскиот персонал.

– Јас и реков: Јелена ти си многу важна за мене. Таа ме погледна и ми рече: Мајко, како што јас сум важна за тебе, така и тој е важен за мене – се сеќава мајката на Јелена.

Јелена воопшто не сакаше да зборува за третман, за неа беше поважно да има дете. Таа мораше да се породи предвреме и така се случи.

– Никола се роди. Му го дала тоа име затоа што се заколнала пред иконата на Свети Никола дека ако роди син, ќе се вика Никола – открива нејзиниот сопруг.

Кога го донесоа Никола кај неа, Јелена беше пресреќна, како да нема никаква болест.

– Без оглед што велеа лекарите, без оглед какви беа нејзините откритија – верував во чуда. Дури кога почина, кога престана да дише, станав свесен дека останав без неа.

Она што го стори таа е најголемата жртва. Најголемата основа на христијанството е да се даде живот за друг. Јелена поч-ина 39 дена по породувањето.

На третиот ден по нејзиниот погреб, го доведовме Никола дома. Беше тешко. Сфатив дека треба да се борам за него. Сега, кога ќе погледнам седум години наназад, гледам дека воопшто не беше лесно.

– Три години по смрт-та на Јелена, повторно се оженив. Никола доби сестра и сега мило ми е што имам некој да растат заедно.

Никола денес има осум години. Тој вели дека му недостасува мајка му и цело време и црта по нешто за неа. Тој често црта како таа е дома и како си играат.

– Мајка ми беше убава, најубава – вели Никола.

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close