Дом и семејство

Оваа мајка ја смени перцепцијата за убавина- ја претстави својата ќерка со Даунов синдром пред светот и постигна голем успех!

Кети постојано зборува дека лицата со посебни потреби треба повеќе да бидат ангажирани во јавни настани

Кети Дрискол е мајка на шест деца. Имено таа имала 5 синови, кога дознала дека конечно шестото дете ќе биде девојче на среќата и немало крај.

foto instagram

Кога дознала дека нејзината ќерка Грејс е со Даунов синдром, тоа воопшто не ја намалило нејзината среќа, напротив таа била уште погорда на своето девојче.

foto instagram

„Не сакав никој да ја сожалува бидејќи бев горда на неа“, рече Кејти во интервју за Хафингтон пост.

И така, Кејти започна да ја фотографира својата мала девојка, а нејзините слики на крајот станаа вистинска мисија наречена „Менување на лицето на убавината“, со цел да ги охрабри компаниите да вклучуваат лица со посебни потреби во нивните реклами.

foto instagram

 

„Верувам дека фотографијата е најсилната форма на комуникација. Во денешниот визуелен свет, ние веруваме во нешто кога ќе го видиме. Затоа рекламирањето е толку моќна алатка “, вели Кети Дрискол.

foto instagram

Таа ја започна кампањата скромно, со барање од пријател да ја вклучи нејзината ќерка во каталогот на еден непознат бренд од Чикаго. Денес, две години подоцна, кампањата постигна значителен успех.

Кети се посвети на фотографскиот занает и поминува многу време испраќајќи им пораки на компаниите кои ги поттикнува  да вклучат инвалидни лица во нивните реклами. Иако на почетокот таа главно беше игнорирана, се повеќе компании денес ги слушаат нејзините предлози.

foto instagram

Во меѓувреме, нејзината ќерка Грејс се појави во каталозите на неколку модни брендови, а компаниите во своите реклами започнаа да вклучуваат модели со церебрална парализа.

 

foto instagram

„Мислам дека деловните луѓе сфаќаат дека реакциите во светот се одлични и дека повеќето навистина сметаат дека овие промени се важни“, вели Дрискол.

 

foto instagram

 

„Луѓето имаат предрасуди и не се свесни колку лица со посебни потреби можат да сработат. Сепак, штом стапат во контакт со таква личност, тие бариери паѓаат “, заклучува таа.

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close