Бебе

Оваа МАМА во парк и низ град ги шета децата со поводник, оваа е нејзината причина

Како што признава 30-годишната мајкане се пуштаат без овој гаџет

30-годишна Jема Фримен од Есекс беше загрижена за зголемениот број случаи на киднапирање на деца и реши да направи нешто.

За 1200 денари на Амазон, таа купи две поводници што ги врза на раката на неа и на своето дете и се пофали со уловот на социјалните мрежи.

Како што признава 30-годишната мајкане се пуштаат без овој гаџет.

“Моите деца се мојот свет. Купив две каишки. Тие се пријатни за носење и безбедни. Дали сакате да ми го kиднапирате бебето? Па, добро, ќе се справите со мене. Некои луѓе мислат дека ова е прекумерно и ми испраќаат секакви пораки. Јас им велам да свесна сум дека моите деца не се кучиња и да, јас се грижам за нив, но не ризикувам кога станува збор за нив “, напиша Џесика објавувајќи фотографија од поводникот што го врзала за неа и за раката на нејзината ќерка. Мајката истакнува дека не гледа ништо лошо во овој додаток, а нејзиниот пост е споделен 923 пати.

Сите сакаме нашите најмили засекогаш да останат наши мали слатки дечиња, но сепак, кога-тогаш секој ќе си го најде својот пат… Во продолжение прочитајте една молитва од мајка за својот син во која се чувствува огромна доза љубов.

Господе, ти знаеш со колкава леснотија на својот син му ја покажувам и му ја изразувам љубовта. Таква си ме создал, создадена сум да љубам. Иако би сакала тој засекогаш да остане мое слатко мало детенце, знам дека го создаде како маж на кој му треба почит. Без оглед на тоа колку ми е тешко, сакам од себе да го отпуштам тоа слатко детенце, препуштајќи го во твое водство.

Ниту еден син не треба да се држи до здолништето на својата мајка, туку со текот на времето треба да се осамостои. Гледам дека за неговиот здрав развој и осамостојувањето не придонесува само мојата љубов, туку и почитта кон него. Го прифаќам тоа како дел од Твојот план за неговиот живот. Иако се надевам дека нема да ја занемарам оваа вистина, помогни ми да остарам со почитта од својот син во денешно време кога сето тоа се заборавам.

Помогни ми да не паднам под влијание на оние кои подметнуваат презир. Наместо тоа, Ти делувај на мене. Поучувај ме што значи почитта од и на детето кое ми го довери. Ми требаш за да знам што е најдобро за него. Отвори ми ги очите да видам кој пристап најдобро му одговара. И нему, а и мене сега ми треба охрабрување. Жал ми е за сите моменти кога сум пропуштила да го почитувам. Ти благодарам што секогаш ми простуваш.

Амин.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close