Бебе
Никој не може да верува дека тукушто се породи – Софија Милошевиќ изгледа неверојатно
И тоа првиот ден откако излезе од болницата
И двајцата се среќни и исполнети
Мама и бебето деновиве треба да ја напуштат болницата, а фудбалерот за тоа време подготвува изненадување во домот.
Атрактивната манекенка Софија Милошевиќ пред два дена на овој свет донесе машко дете во една приватна клиника во Мадрид.
Познатиот фудбалер Лука Јовиќ по својот прв син Давид што го доби од поранешната сопруга, повторно се оствари во улога на родител, овој пат заедно со неговата свршеница Софија. Како што пренесува српскиот Блиц фудбалерот на Реал Мадрид кој од манекенката е помлад шест години присуствува на породувањето кое следуваше две недели пред терминот.
Гордиот татко како што пренесуваат медиумите, подготвил вистинско изненадување за нив кога ќе излезат од болницата.
Тој ангажирал архитект кој детално го испланирал катчето за наследникот, но морале да ги забрзаат подготовките бидејќи бебето дојде предвреме. Лука и Софија решиле породувањето да биде во Шпанија, а болницата ја избрале така што фудбалерот од своите соиграчи добил информација за една приватна клиника во шпанската метропола за што платиле 25.000 евра.
Основниот пакет е многу поевтин, односно само породувањето чини 4000 евра, но дополнителните услуги повеќекратно ја зголемиле цената. Околу 2000 евра чини еден ден поминат во клиниката додека луксузните апартмани се исто така поскапи, односно за нив треба да се издвојат 5000 евра. А токму еден таков избра и манекенката, а во цената е вклучена и анестезијата, присуството на Јовиќ на породувањето, неговиот престој во апартманот…
Инаку Софија и Лука веднаш по породувањето ги известија своите фанови дека го добиле својот мал принц.
Фудбалерот веднаш сподели фотографија на Инстаграм со која соопшти дека породувањето поминало во најдобар ред.
Манекенката не се огласуваше посебно, се до овој момент, кога сподели фотографија на која го држи синчето.
„Најневеројатниот подарок што животот може да ти го даде. Добредојде на овој свет момче“, напиша Софија и го означи својот сакан.
„Ви благодарам на сите за прекрасните желби.“
Инаку Софија и по излегувањето од болницата го забележа моментот како таткото го носи малиот Алексеј. Но кога стигнаа дома, таа покажа и како изгледа само два дена по породувањето и ги изненади сите.
„Толку ми е чудно без мојот голем стомак“, напиша таа.
Еве како изгледаше кога беше бремена…