Дом и семејство

Не им дозволува на бабата и дедото да си го прегрнат внучето: Постапката на оваа мајка наиде на многу критики!

Моето дете не е виновно што се постари генерации кои не знаат како да ги контролираат своите емоции кога некој ќе ги одбие...

Низа од реакции предизвика видеото на Британи Бакстер кое го постави на Тикток а во истото изјави дека никогаш не ја присилува својата едногодишна ќерка да ги прегрнува бабите и дедовците, додавајќи дека телото на нејзиното дете не постои за некој да се чувствува почитуван и сакан.

 

Таа ги праша своите придружници на токток: “Можеме ли да го надминеме фактот дека децата не мора да бакнуваат и гушкаат возрасни? Ќерка ми е скоро две години и откако е родена ја учам дека таа и нејзиното тело не постојат за да направи некој да се чувствува подобро и да направи некого да се чувствува посакано ”.

Британи исто така рече дека некои луѓе се навредени кога девојчето не сака да покаже физичка наклонетост кон нив и додаде: „кога ќе каже не, тие се во шок како таа не ме сака мене, моите чувства се толку повредени“, но моето дете не е виновно што се постари генерации кои не знаат како да ги контролираат своите емоции кога некој ќе ги одбие.

„Никогаш никој нема да има поважни права од правото на мојата ќерка на сопственото тело“, рече оваа мајка.

На крај, таа рече дека е сигурна дека нема да дозволи детето да порасне во средина каде што не смее да каже „не“.

Сепак, имаше следбеници кои го критикуваа ваквиот став.

“Го охрабрувам моето 21-месечно дете да се поврзе физички и емоционално со моите родители и да биде многу поврзана со нив. Јас навистина не го разбирам вашиот гнев”, коментира една мајка.

Британи и одговори многу брзо: „Дали навистина го прашавте вашето дете дали ова е она што го сака и дали е ова што и треба или ја охрабрувате и негувате таа врска затоа што ги задоволува вашите потреби?“

Британи додаде дека нејзината ќерка, и покрај ваквата практика, има одлични односи со нејзината мајка, татко и маќеа, пренесува The Sun.

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close