Кафе муабет
Неочекувана среќа во домот на Јована Пајиќ: Пејачката потврди- доаѓа засилување за Хелена и Џина, Сале во неверување (ФОТО)
Се договорија за новиот член...
Ќерките на Јована Пајиќ и Сале Тропикo се извор на среќа за брачниот пар кој пред неколку месеци по десет години брак донесе одлука за развод и ја шокираше јавноста.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/04/84149_jovana-pajic-i-sale-tropiko-instagram_orig.jpg)
Со оглед на тоа што разводот за никого не е едноставна и лесна работа, гордите родители на двете наследнички, и покрај брачните несогласувања како емотивни партнери, решиле да одржуваат пристојни, пријателски односи во иднина заради нивниот мир.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/07/jovana-u.png)
Сè уште ги носат речиси секаде заедно и прават се за да можат лесно, без трауми да поминат низ турбулентниот период за семејството.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/12/jovana-4.png)
Откако таа и нејзините наследнички се иселиле од станот во кој живееле со Сале, Јована се труди да им каже не на своите миленички само кога е потребно. Нивните желби за неа се заповед, барем за некое време додека не се стабилизира целата ситуација.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/12/jovana-5.png)
Во врска со тоа, таа неодамна направи отстапка и им дозволи на ќерките да имаат домашно милениче. Слатката мачка што ја пронајдоа требаше само привремено да остане во нивниот дом, но бидејќи Џина и Хелена инсистираа да му обезбедат дом, дополнителна храна и сите други потреби, а со оглед на тоа дека убаво се смести, решија тие да бидат негови домакини , со што пејачката се пофали на социјалните мрежи.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/10/хљњуфг.jpg)
Поддршката за ќерките на Јована Пајиќ и Сале Тропик пристигна неочекувано, а бидејќи поранешните сопружници се договараат за се, се претпоставува дека со ова се согласил и Сале, кој одвреме-навреме ќе ги зема ќерките кај него и најверојатно преслаткото сиво маче на кое му го дадоа името Ралет оди заедно со нив.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/10/уњхснмс.jpg)
Се смирија со Сале?
Пејачката многу не сака да зборува на тема развод, но неодамна откри уште неколку детали од нивната врска.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/07/jovana-ds.png)
Таа за јавноста откри дека се уште официјално не се разведени, а пред неколку месеци се шпекулираше за нивно помирување.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/12/jovana-3.png)
Тие имаат две ќерки и се трудат што повеќе да ја зачуваат својата приватност.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/04/пајик-10.png)
“Тој сè уште не е мој поранешен сопруг. Мојот брак не беше “на изволте”, па мислам дека и мојот развод не треба да биде. За мене, тој валкан веш е катастрофа, кога луѓето ги користат медиумите за време на разводот да се испровоцираат. Тоа не е во ред, бидејќи децата кои се уште одат на училиште и се дел од едно друштво. Тогаш најмалку се води сметка како тие ќе поминат“, изјави Јована во емисијата „Пулсот на Србија“ на телевизија Курир.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/04/пајик-6.png)
На прашањето на водителот Иван Гајиќ во каква врска се Јована и Сале, таа го потврди пишувањето на медиумите.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/04/пајик-13.png)
„Ние сме во коректни, нормални и многу кооперативни односи, кои, всушност, луѓето треба да ги имаат кога имаат деца“, рече Јована Пајиќ.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/04/пајик-15.png)