Новости

НЕНАД ЌЕ ГО СЛЕДИ ПОРОДУВАЊЕТО ВО ЖИВО ПРЕКУ ВИДЕО ПОВИК: Маја Шупут открива се за бременоста!

Пејачката ситно брои до породувањето...

Пејачката Маја Шупут Татаринов (41) ситно брои до раѓањето на своето прво дете. Во интервју за Јутарњи лист, таа откри детали за породувањето, името, но и раѓањето на бебето.

– Јас сум од оние луѓе кои сакаат она што навистина го сакаат да го добијат веднаш, истиот ден  евентуално утре. Никогаш до сега не сум очекувала нешто што навистина сакам во мојот живот толку долго, дури девет месеци. Ова никогаш не ми се случило во животот. Затоа, бременоста ми се чини страшно долг воен рок- рече Маја за „Јутарњи лист“.

Секојдневно објавува фотографии на социјалните мрежи на кои гордо го покажува трудничкото стомаче, а со обожаватели досега сподели и бројни видеа на кои детално се гледа просторијата на бебето. Ужива максимално во бременоста и признава дека не се плаши ни најмалку од породување.

– Веќе сум доволно возрасна, се случија некои работи во мојот живот кои секако се потешки од породувањето. Покрај тоа, жените се породуваат со векови, па некако не верувам дека ова треба да биде најголемата траума во мојот живот – вели Маја. Имајќи предвид дека светот е зафатен од вирусот корона, Маја нема да биде придружувана од нејзиниот сопруг Ненад Татаринов во салата за породување, но тие имаат и добро решение за тоа – видео повик.

На социјалните мрежи имаше бројни дискусии за името, а Маја откри дека не сака на бебето да му даде традиционално име, како што е Ненад. Сепак, се чини дека одлуката ќе „падне“  кога ќе се роди бебето.

фото инстаграм

– Одлуката за неговото име ја оставивме во моментот кога тој ќе дојде на свет. Ние сепак останавме на одлуката името да не биде традиционално или вообичаено, а исто така баравме име што не го носи некој што го познаваме. Не беше лесно затоа што секогаш познаваш некој со тоа име, а тој беше, не знам, непослушен во основно училиште – рече Маја на крајот.

Фото: Инстаграм/ Маја Шупут


Инаку, пејачката објави до сега невидена фотографија од нејзината венчавка на социјалните мрежи. Маја позираше со неколку пријатели, и им го честиташе на жените ширум светот Меѓународниот ден на жената.

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close